Сексуално преносливите инфекции  (СПИ) имаат големо значење поради опасноста од стерилитет и компликации во текот на бременоста и по породувањето. Компликациите од инфекцијата со кламидија (Chlamydia trachomatis) и гонореа (Neisseria gonorrhoeae) кај жената најчесто доведуваат до една состојба наречена пелвична инфламаторна болест или PID (Pelvic inflammatory disease). 

PID претставува воспаление во малата карлица и може да предизвика пореметување на репродуктивниот систем кај жената.  појава на ектопична бременост и промени на јајцеводите кои доведуваат до старилитет. Статистиките велат дека 10-20% од жените кои имаат инфекција со кламидија или гонореа може да развијат PID доколку не се лечат. Ова пореметување може да има последици врз способноста за заберемнување, да го зголеми ризикот од ектопична бременост и да предизвика хронична карлична болка. И оваа болка понекогаш може да биде причина за неплодност, бидејќи значајно влијае врз сексуалниот однос помеѓу партнерите.
Најчести последици за новороденчето се гонококна инфекција на очите и неонатална пневмонија кај бебињата од мајки со инфекција со кламидија. Против гонококната инфекција на очите се дава задолжителна профилакса по породувањето, со капење на раствор во очињата на сите бебиња. Пневмонијата предизвикана од кламидија може да се спречи само пред породувањето, со редовни микробиолошки прегледи и третман доколку дојде до инфекција.

Најважно е да се запамети дека скоро 90% од инфекциите со кламидија се без никакви симптоми, а единствениот начин да се забележат е микробиолошкото испитување при редовните гинеколошки прегледи. Вниманието и редовните прегледи пред забременувањето може да спречат голем број компликации кај жената и кај бебето по породувањето.


PreMama Duo 250x250

 newsletter banner subscribe

              

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama