Спиењето на страна е најдобра положба за спиење додека сте бремени. Особено спиењето на левата страна може да му годи на вашето бебе, бидејќи така се подобрува протокот на крв, а со тоа и протокот на хранливите состојки до плацентата. Исто така, при спиењето во оваа положба и бубрезите поефективно ги исфрлаат непотребните материи и течности од телото, што пак резултира со намалување на отоците на глуждовите, стапалата и дланките. 

Добра идеја е да се обидете да спиете на левата страна уште во раната бременост, секогаш кога ќе можете. Најчесто не е удобно цела ноќ да ја преспиете во една положба, па вртењето од една на друга страна со тоа што повеќе ќе ја практикувате левата страна е можеби најдоброто решение. Што се однесува до спиењето на грб, одбегнувајте ја оваа положба во текот на бременоста, особено во последните месеци. Еве зошто:

Кога спиете на грб, тежината на матката паѓа врз ‘рбетот, грбните мускули, врз цревата и големите крвни садови. Ова може да доведе до болки во мускулите, појава на хемороиди и отежната циркулација, нешто што не е добро за вас, а може да го намали и крвотокот кој го храни вашето бебе.

Спиењето на грб може да доведе до намалување на крвниот притисок, па да предизвика вртоглавица кај некои идни мајки. Од друга страна пак, кај некои бремени жени доведува и до покачен притисок. 

На крајот, спиењето на грб може да предизвика ‘рчење, кое заедно со зголемената тежина, може да доведе до sleep apnea (паузи во дишењето во текот на ноќта).


PreMama Duo 250x250

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama

 newsletter banner subscribe