Организацијата Лулка е препознатлива по континуираната, стабилна и системска поддршка која ја дава на семејствата.

Лулка работи на едукација на младите луѓе, подобрување на нивните родителски вештини, знаења од областа на јавното здравје и превенцијата, правилната исхрана, нега и воспитување на децата, доење и многу други теми.

Лулка денес работи во три програмски насоки:

  • Поддршка на граѓаните во текот на бременоста и породувањето;
  • Промоција, заштита и поддршка на доењето во Р. Македонија;
  • Подобрување на условите за предвремено родените бебиња и поддршка на семејствата кои имаат предвреме родено бебе/дете.

Активностите кои ги спроведуваме, и преку кои можеме да Ви помогнеме вклучуваат:

  • Спроведување на вежби за трудници во форма на Курс за психофизичка подготовка за породување
  • Спроведување на едукативни работилници за здрава бременост.
  • Спроведување на едукативни работилници за породување
  • Спроведување на едукативни работилници за доење.
  • Спроведување на едукативни работилници за правилна нега и воспитување на децата
  • Поддршка на доењето преку совети и практична помош по породувањето.
  • Психолошка поддршка во сите фази, од пред забременување, преку бременост до периодот на родителство.
  • Поддршка преку одговарање на прашања и советување по електронски пат и на телефонскиот број на Лулка
  • Едукација и информирање на граѓаните преку креирање и одржување на веб-страна, повеќе Facebook страни и Instagram.
  • Издавање на месечен бесплатен електронски информатор.

и многу други активности.




Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama

 newsletter banner subscribe