За време на бременоста, жената е преплавена од многу емоции. Заедно со возбудата да се запознае бебето, доаѓаат и не многу посакуваните моменти од бременоста, како што се гадење, утрински мачнини, замор и сл. Во оваа фаза, како и во текот на целата бременост, на жената и се потребни помош и поддршка, како физичка, така и емоционална.

PregnantWoman istockОсвен што како татко вие би се грижеле за здравјето на својата сопруга и бебе, може да направите и многу други работи, како на пример:

  • Бременоста знае да биде фрустрирачка. Односно знае да направи хормонален и емоционален дисбаланс кај жената, кој резултира со зголемена загриженост и анксиозност кај жената. Обезбедете и емоционална поддршка на својата партнерка, со што ќе и помогнете подобро да се справи со грижите. Доколку незнаете како, може да се консултирате со вашиот доктор.
  • Помагајте и околу домашните обврски. И не само сега поради нејзината состојба, туку и поради заедничкото живеење во вашето гнездо. Не чекајте сама да ви се обрати за помош, бидете иницијативни и прашајте. Вашата помош ќе биде од особено значење во првото и третото тромесечие од бременоста.
  • Информирајте се за бременоста! Читајте за бременоста, процесот, породувањето и улогата на родители. Разговорите со „тазе родители“ исто така добро би ви дошле. Освен тоа, околу сите сомнежи консултирајте се со гинекологот.
  • Не заборавајте да се фотографирате, така ќе имате прекрасни спомени од оваа посебна фаза во вашиот живот.
  • Одете заедно на купување бебешка облека или опрема, нека биде тоа ваше изненадување! Нема ништо подобро за една жена од шопинг терапија.
  • Жените се опседнати со килограмите. Поддржете ја во моментите кога е загрижена за своите килограми, со убедувањата дека килограмите ќе се намалат тогаш кога за тоа ќе дојде време.
  • Направете да се чувствува посебно. Едноставно е, држете ја за стомакот, зборувајте си со вашето бебе, кажете и на вашата партнерка колку е убава...
  • Доколку вашето време дозволува, не пропуштајте ја шансата да одите на Курс за трудници заедно со неа. Освен што ќе и значи вашата поддршка, и вие како родител ќе дознаете многу работи за вашето бебе и за тоа како да и помогнете на вашата сакана во периодот на породилните болки.
  • Бидете достапен! Без разлика колку сте зафатени, најдете време за неа, придружувајте ја на редовните прегледи, така и вие ќе бидете информирани за напредокот и развојот на вашето бебе.
  • Препознајте ја и прифатете ја промената на нејзиното тело. Дајте и до знаење колку е убава!
  • Одете на романтични прошетки. Не само што така и помагате на трудницата да остане активна, туку и вашата блискот се зголемува преку разговорите.
  • Бидете внимателен и трпелив во однос на нејзиното расположение. Трудничкото расположение знае да биде променливо како резултат на хормоналните промени. Направете ситни работи за неа, гледајте филмови за трудници, гответе ја заедно омилената храна, пронајдете хумор за трудници и сл.
  • Бидете сензитивни! Ако сакате да имате секс со вашата партнерка кажете и го тоа, но не се наметнувајте . Секогаш имајте ја во предвид нејзината состојба и желба. Почитувајте ги нејзините желби, наместо да ја форсирате.
  • Изненадете ја позитивно, денес, утре, секогаш!
  • Суптилно внимавајте на неа и на нејзината исхрана и она што го внесува. Здравата храна е од особено значење за секоја трудница.
  • Бидете нејзин потсетник околу таблетите кои ги пие во време на бременоста. Трудниците знаат да бидат расеани!
  • e15c8edb551fc2436c7f2fd8686282e6Бременоста значи и многу желби. Бидете тука за неа, исполнувајќи ги нејзините желби, тоа може да го направите преку обична масажа на грбот или нозете. Со оглед на тоа што во третото тромесечје речиси сите трудници имаат грчеви во нозете и проблеми со грбот, би било добро да и го приредите тоа задоволство.
  • Бидете подготвени за денот Д. Задржете ја вашата самоконтрола за време на породувањето на вашата сопруга. Во тие моменти, нормално е да почувствувате итност и паника, но бидете свесни дека од вас се очекува да бидете стабилниот во приказната наречена породување. Останете смирени и организирајте се околу дочекот на вашето бебе. Доколку не ви е нешто јасно или се промени во последен момент, барајте информација од гинекологот, имате право на тоа.

Не заборавајте дека иако листата е долга, таа е за вас и вашата партнерка како и за добробит на новиот член во семејството. Грижејќи се за вашата бремена сопруга вие се грижите за вашето дете, за вашето семејство. И покрај неможноста да бидете тие 9 месеци заедно со вашето бебе, вие на ваков начин си давате шанса да бидете активен родител во текот на бременоста.

 

Николина Дојчиноска

Извор: http://www.momjunction.com/articles/role-of-a-husband_00434714/#gref