Една од многуте промени што се случуваат во животот на трудниците се и промените во расположение. Ретко кој останува имун на променливото трудничко расположение. Па така на шега, мажите знаат да кажат дека бремените жени и жените во пмс се непресметливи. Колку е тоа така?

pregnant couple01Истражувањата покажале дека 90% од бремените жени искусуваат променливо расположение за време на бременоста. Истото се должи на промените во метаболизмот, физичкиот стрес како и промени во хормоните естроген и прогестроген. Соочувајќи се со најголемата промена во своите животи, идните мајки се прашуваат:
- Каков родител ќе бидам?
- Дали моето бебе ќе биде здраво?
- Што ќе се случи со моите пријатели и кариерата после новиот член во семејството?
- Дали се подготвувам добро за доаѓањето на моето бебе?

И уште многу прашања кои секоја трудница си ги поставува и со тоа нејзината тензија се зголемува. Добрата вест е што не сте сами, речиси сите поминуваат низ истите фази и истотака може да работите на своето расположение. Една од најважните техники против променливото расположение е отворено барање на поддршка. Вашиот партнер или родители, пријателки, секој оној во кого имате доверба, сите тие може да ви помогнат полесно да поминете преку промените.

Секојдневни разговори со партнерот или трудници кои поминуваат низ истото и тоа како знае да даде резултат. Можеби звучи клише, но навистина е значајно да останете физички активни и да се храните здраво во време на бременоста. Доколку вашиот организам е поштеден од токсини и нездрава храна секако ќе бидете порелаксирани на физичко ниво, па така и на емоционално и психичко.

Правете работи кои ги сакате! Дозволете си ден по пижами, поминете цел ден по продавници за бебешка опрема, посетете го омиленото кафуле, заборавете на некоја обврска, на крајот на краиштата имате голема одговорност со себе, нормално е да бидете реасеани, сите ќе ви прогледаат низ прсти. Шетајте, умерените прошетки со пријатно друштво или релаксирачка музика може да ви помогнат да се сосредочите, да бидете сами со своето бебе. Грижејќи се за себе се грижите и за него.

И за крај, нема универзална формула како да ги надминете во целост промените во расположение, во ред е понекогаш да заплачете без причина. Не очекувајте премногу од себе. Бременоста е еден од најубавите периоди за една жена, како таков е комлексен и со сите свои промени, физички и психички ја носи жената на едно поинакво ниво на личен развој.

 

Автор на текстот: Николина Дојчиноска - Психолог


PreMama Duo 250x250

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama

 newsletter banner subscribe