Определувањето на терминот за породување е многу важно. Тоа се прави уште на првиот преглед, откако ќе дознаете дека сте бремени. Денес, повеќе од кога било е важно одредувањето на гестациската старост на бебето и определувањето на терминот за породување.

Составен дел од прегледот кај гинекологот-акушер во текот на бременоста е и прегледот на ултразвук. Вообичаеното дводимензионално ехо сеуште има најголема примена во гинекологијата и акушерството и дава приказ на структурите во стомакот на мајката во две димензии (пресек во една рамнина).

По оплодувањето на јајце-клетката и нејзиното вгнездување во ѕидот на матката, започнува бременоста и развојот на плодот. Бременоста вообичаено трае 40 недели, или околу 9 календарски месеци. Во текот на овие девет месеци плодот целосно се оформува во организам кој е способен за живот во надворешната средина.

Секоја мајка во текот на бременоста се интересира и сака да знае што се случува со нејзиното бебе, како изгледа во тој мемент, колку е големо (или мало), дали веќе почнало да работи неговото мало срценце. Ви претставуваме неколку карактеристики на плодот во текот на првите три месеци:

Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информации за состојбата на плодот и можните генетски пореметувања. Процедурата опфаќа боцкање на стомачниот ѕид на бремената жена и земање примерок од околуплодовата вода. Заради поголема прецизност и безбедно боцкање во текот на интервенцијата движењето на иглата се следи со ултразвук (ехо).

Бројните истражувања докажаа дека доживувањата на мајката може да предизвикаат различни видови на реакции кај фетусот. Со заземање на одредена положба во мајчината утроба фетусот изразува пријатно или непријатно доживување во моментот.

Долго време во светот постоел мит дека за секое дете жената во текот на бременоста губи по еден заб. Ова се поврзувало со потребата на фетусот за калциум и дека калциумот се зема од забите на мајката, па затоа тие стануваат кршливи и лесно можат да бидат изгубени.

Долго време во светот постоел мит дека за секое дете жената во текот на бременоста губи по еден заб. Ова се поврзувало со потребата на фетусот за калциум и дека калциумот се зема од забите на мајката, па затоа тие стануваат кршливи и лесно можат да бидат изгубени.

 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama