Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. За деветтиот индикатор Хранење на новороденчињата и малите деца во кризни состојби, оцената која ја доби Македонија е 7,5. Овој индикатор се однесува на политиките и програмите за исхраната на доенче и мало дете во состојба на катастрофа и интегрираноста на материјали на оваа тема во курикулумите на студиска обука и обука на вработените во здравствените установи, во рамки на кризниот менаџмент.

 Извор на информациите:

Оргиналниот извештај може да го погледнете на http://worldbreastfeedingtrends.org/ или на следниот линк: Macedonia Report card 2017 и  Assessment report Macedonia. Повеќе информации за севкупниот процес на оценување прочитајте во нашиот претходен текст Проценка на состојбата со доењето во Македонија

Хранење на новороденчињата и малите деца во кризни состојби

WBTi cover

Република Македонија беше погодена од мигрантската криза во 2015 и 2016 година како држава преку која транзитира мигрантската рута кон Европа. Во март 2016 година, миграцискиот пат беше затворен, при што приближно 1600 бегалци и мигранти (од кои 40% деца), беа заглавени во двата транзитни центри кои претходно служеа како попатна точка за луѓето кои беа во движење (еден на јужната граница и еден на северната граница).

Националниот комитет за доење во својот „Двегодишен стратешки акционен план на Комитетот за промоција, поддршка и заштита на доењето 2016-2017“, вклучи дел „доењето и мигрантската криза“; дефинирајќи и предлагајќи повеќе активности со цел е да им се помогне на бегалците, жените- мигранти и  децата на транзитниот пат и во услови на транзит, да имаат соодветна поддршка од здравствениот систем и од другите сектори за да го одржат доењето  и да обезбедат храна за доенчињата и малите деца соодветна на возраста.

Оваа активност се совпадна со иницијативата на УНИЦЕФ за поддршка на децата и жените- бегалци и мигранти во транзитните центри. Брзо потоа, Министерството за здравство во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ предложи Техничка Работна Група, со мандат да развие Стандардни оперативни процедури (СОП) за доенчиња и мали деца за време на итни случаи во транзитните центри за мигранти. Меѓу членовите на работната група беа претставници од Министерството за здравство, претставник од Здружението на педијатрите, од Националниот комитет за доење, од здружението на медицинските сестри, од УНИЦЕФ. Клучните информации за потребите за исхрана на новороденчињата и малите деца беа добиени со брза проценка во транзитните центри, пред да започне подготовката на СОП. СОП беа подготвени во јуни 2016 година. Главната цел на СОП е да ги дефинира оперативните принципи, клучните чекори и стандардите потребни за создавање на поволно опкружување за доење и IYCF (Infant and young child feeding – исхрана на доенче и мало дете) во транзитните центри. Креиран врз основа на меѓународни стандарди, служи како план за подготовка и за одговор кој опфаќа интервенции и препораки кои одговараат на транзитни центри, но исто така одговараат и за мигрантите во движење.

По содржината на СОП, групата разви пакет на обуки и организираше 2 (едно дневни) обуки за здравствени работници (патронажни сестри) и за вработените во првата линија во транзитните центри, во катчињата за мајка и бебе (MBC – Mother and baby corners) (претставници на UNHCR, La Strada, Црвен крст, СОС Детско село/UNICEF). Целта беше да се обучат одреден број патронажни медицински сестри (20), да ги надградат своите знаења за исхрана на доенче и мало дете (IYCF) во кризни состојби и да бидат ангажирани како советници за исхрана во двата транзитни центри.

Темите кои беа дел од агендата за обука беа: користа од доењето во кризни состојби, вообичаени пречки за доење во кризни состојби, препораки за успешно доење, брза и комплетна проценка на доењето, хранење со чашка, релактација, нега на бебиња кои не цицаат, справување со најчестите проблеми во текот на доењето, комплементарна исхрана, MBC и потребните ресурси за обезбедување на соодветни услови за доење и комплементарна исхрана, подготовка и складирање на млечна формула и кашеста храна, вклучително и хигиена на садовите за хранење, следење на Меѓународниот Код за маркетинг на замените за мајчино млеко во кризни состојби, главни знаци за појава на најчестите болести во кризни состојби и правилно упатување кон повисоките нивоа на грижа.

2B878F9600000578 3205055 image m 60 1440089533730Идејата беше да им се даде двојна улога на патронажните сестри; како прво, да продолжат да дејствуваат како консултанти за доење и исхрана, работејќи директно со мајките и децата во центрите, но исто така и да помагаат на персоналот во MBC при справување со проблеми поврзани со доењето и комплементарната исхрана. Тие ги придружуваат мајките и нивните бебиња и деца кога бараат помош од здравствениот центар во рамки на транзитниот центар или во најблиската здравствена установа, и на тој начин служат како поврзување со здравствениот систем. Изготвени се критериумите за работа на патронажните сестри во транзитните центри и 8 од нив беа ангажирани да работат со скратено работно време во центрите, покривајќи 2 смени (од 07 – 14 и од 14 – 22 часот).

СОП-от континуирано е надградуван со дополнителни анекси, со цел да се подобри квалитетот и безбедноста на исхраната во транзитните центри, вклучувајќи обезбедување на храна соодветна на културолошките карактеристики на бегалците и мигрантите. Мониторингот на центрите е главно фокусиран кон условите за поддршка на ексклузивното доење и соодветната комплементарна исхрана, усогласеноста со Кодот, условите во MBC, и служи како насока за подобрување.

Увозот на донирани количини на заменска млечна формула, резервите комплементарна храна и микронутритивни додатоци е под контрола на Државната агенција за храна и ветеринарство, а дозволите за увоз се издаваат по строги критериуми. Канцеларијата на Црвен крст во Македонија е вклучена во дистрибуција на донациите, додека инспекторатот за храна кој е дел од Државната агенција за храна и ветеринарство има задача да ја контролира дистрибуцијата и складирањето на производите.

Има потреба од понатамошна проценка на ефектот, предизвиците и најчестите проблеми со кои се соочува обучениот персонал во центрите и идентификување на начините како да се подобри нивната работа и задоволството на бегалците и мигрантите како приматели на нивните услуги.

Недостатоци:

  • Државата не беше доволно подготвена за кризни состојби/мигрантска криза, многу време беше изгубено од почетокот на мигрантската криза и за подготовката на СОП, па доенчињата и децата не добија соодветна и навремена поддршка во раните фази на кризата.
  • Беше недоволна и несинхронизирана соработката помеѓу различните владини и невладини организации кои се вклучени во подготовката за одговор при кризни состојби (Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Националната агенција за храна, Центарот за правување со кризи).
  • Системот за регистрирање на прекршувањата на Кодот во транзитните центри не е доволно развиен.

PART1Препораки:

  • Секоја агенција вклучена во поддршката на мигрантите треба да ја поддржува политиката за IYCF/доење. За оваа политика треба да бидат информирани сите вработени, процедурите да бидат соодветно спроведувани и политиките соодветно да бидат спроведени.
  • Сите агенции вклучени во управувањето со кризни состојби треба да обезбедат обука и ориентација на нивниот технички и друг персонал за ставовите по однос на исхраната на доенчиња и мали деца.
  • Поддршката за доење и исхрана на доенчиња и мали деца треба да биде интегрирана во останатите услуги кои им се пружаат на мајките, бебињата и малите деца. Сите здравствени работници ангажирани во работата со мигрантите треба да добијат обука за советување за IYCF во кризни состојби, како што се педијатрите, гинеколозите, општите лекари од здравствените институции кои се вклучени во обезбедувањето на услуги, особено оние кои се географски близу до мигрантските центри (во Куманово и Гевгелија), со цел да се добие континуитет во советувањето за IYCF.
  • IYCF/доењето во кризни состојби треба да биде дел од наставните планови за континуирана едукација на здравствените работници, бидејќи појавата на кризни состојби поради природни непогоди или како резултат на човечки фактор претставува важен дел од човековиот живот.
  • Персоналот во транзитните центри треба да биде повеќе обучен за начинот на складирање на набавките.

Превод: Благица Ингилизовска (Преводот е изработен на волонтерска основа.)

Уредување: Др Денис Ал Кхалили – Специјалист педијатар

___________________________________________________________________________ 

* Една од трите главни програмски насоки на Организацијата Лулка е промоција, заштита и поддршка на доењето. Лулка го промовира доењето во Македонија од 2011 година, преку едукација на трудници и доилки, соработка со WABA и одбележување на Светската недела на доењето секоја година.