Како продолжение на досегашната традиција, и оваа година во Јануари, EFCNI беше домаќин на 15-тата Годишна средба на родителски организации во Фрајсинг, Германија. Од 25-27 Јануари, околу 100 претставници од повеќе од 30 држави, од Европа, Африка, Канада и Соединетите Американски Држави се собраа да дискутираат за здравјето на предвреме родените бебиња, да разменат знаење и искуства, да се вмрежуваат и меѓусебно да се мотивираат.

Светскиот ден на предвремено породување се одбележува на 17-ти Ноември секоја година, за да се подигне свеста за предвремено породување и да се подобри грижата за недоносените бебиња и нивните семејства ширум светот. Околу 15 милиони бебиња се раѓаат предвреме секоја година, или едно на секои 10 новородени. Она што ја одбележа оваа година е слоганот на одбележувањето, со кој целата кампања се приближува кон семејствата и ја промовира „негата насочена кон семејството“ (Family-centered Care).

На 08.11.2018 година во хотел Порта во Скопје се одржа првиот состанок на Советот на родители на организацијата Лулка. 

Организацијата Лулка се претстави пред гинеколозите на стручниот состанок на Здружението на гинеколози и опстетичари на Македонија и Македонска асоцијација за пренатална медицина.

 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama