Во рамки на Балканската школа за педијатри која се одржа од 12 - 15.09.2018 година во Хотел Александар Палас, учествуваше и организацијата Лулка со презентација на тема Доењето - модерен предизвик за здравствените работници. Презентацијата беше дел од сесијата наменета за здравствените работници со средно, вишо и високо образование која се одржа во четврток на 13.09.2018 година, а сесијата ја водеа претставници од Унијата на ЗМСТАС и Здружението на професионални физиотерапевти на Република Македонија.

 slajd 1

Презентацијата пред бројниот аудиториум беше дел од активностите за заштита, промоција и поддршка на доењето кои започнаа во текот на Светската недела на доењето. Презентацијата побуди голем интерес, поради што имаше квалитетна дискусија по завршувањето на излагањето. Особен интерес поттикнаа изнесените искуства на мајките, информации кои организацијата Лулка ги добива во текот на работилниците, преку одговарањето на прашања и комуникација со трудниците и породените мајки кои дојат.

Skola092018 sl7

Доењето повеќе од било кога е во фокусот на вниманието, се повеќе се говори за тоа во професионалните кругови на здравствените работници и во здравствени установи, но исто така и на социјалните мрежи, во рамки на пациентските и родителски организации, во општеството во целост. 

 

Skola092018 sl8

 

Глобалното движење за заштита, промоција и поддршка на доењето преку Светската недела на доењето, Иницијативата за трендовите со доењето во светот и други активности и документи, ги поставува основите и принципите по кои треба да се водат здравствените системи со цел подобрување на доењето, а со тоа и подобрување на целокупното здравје и добросостојба на мајките и новороденчињата, доенчињата, децата и на населението воопшто. 

 

Skola092018 sl1

 

Презентацијата на Др Денис Ал Кхалили - Специјалист педијатар опфати кус приказ на модерните движења за поддршка на доењето во светот, приказ на состојбата во Република Македонија според расположливите податоци и приказ на препораките како да се подобри состојбата со доењето, со потенцирање на значењето на индивидуалниот пристап, прикажување на искуствата на мајките и на основните принципи на современата поддршка на доењето.

slajd 3

 

 


PreMama Duo 250x250

 newsletter banner subscribe

              

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama