Организацијата Лулка се претстави пред гинеколозите на стручниот состанок на Здружението на гинеколози и опстетичари на Македонија и Македонска асоцијација за пренатална медицина.

Минатиот петок организацијата Лулка, со поддршка од нашиот најнов партнер од индустријата - компанијата Геномикс, учествуваше на стручниот состанок на Здружението на гинеколози и опстетичари на Македонија и Македонска асоцијација за пренатална медицина. Состанокот се одржа на 05.10.2018 година во City Hall во Скопје, а на него присуствуваа над 150 доктори гинеколози-акушери од цела Македонија.

 

AGOM mala1

 

Лулка се претстави со видео презентација за досегашната работа на организацијата и со информативен памфлет кој стигна во рацете на секој посетител. Ви пренесуваме дел од пораката која беше испратена до членовите на Здружението на гинеколози и опстетичари на Македонија:

„...Денес, едукацијата на здравата популација и на пациентите е исклучително важен дел од здравствената грижа...“

„...Младите луѓе, трудниците и родителите се посвесни и поинформирани, комуницираат преку социјалните мрежи, бараат информации и сакаат да знаат се за состојбата во која се наоѓаат....“

„...Помогнете им на вашите пациенти да го зачуваат своето здравје, посвесно и полесно да го поминат периодот на бременост, свесно и информирано да учествуваат во породувањето, доењето, да се поврзат со бебето и соодветно да одговорат на неговите потреби....“

 

43321868 10155948787785847 5798767523948134400 n

 

Им благодариме на нашите партнери  Виолета, URIAGE, ПреМамаДуо и GENOMIKS за поддршката.

 

AGOM mala3


PreMama Duo 250x250

 newsletter banner subscribe

              

 


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 logo konceptmama