Penny Warner е инструктор за развој на децата и автор на повеќе од 12 книги за забава и активности, вклучувајќи ја и Роденденски забави за бебиња во која дава идеи за приредување на првиот многу важен настан – првата роденденска забава. Има многу трикови – непредвидливото расположение на бебињата, соодветни теми и храна, дури и бројот на гости. Нејзините 7 совети кои ќе ви го намалат стресот и идеите за роденденски теми ќе ве направат вас и вашето дете среќни и задоволни. Роденденски капи ќе летаат во воздухот :)

1. Гледајте го саатот. Испланирајте забавата да трае од саат до саат и половина. На бебињата кратко им трае вниманието и брзо го трошат интересот и енергијата. Испланирајте забавата да биде доцна наутро или доцна попладне- пред или по дремката – кога бебињата не се изморени.

2. Само VIP гости. Редуцирјајте го списокот на гости за да не го пренатрупате вашето бебе и за да ги намалите трошоците.

3. Пoбарајте помош. Размислете да најмите дадилка или замолете некој од членовите на семејството да ви помогне да направите баланс помеѓу должностите како домаќин на забавата и уживањето во големиот ден на вашето бебе.

4. Бебињата сакаат балони. Одлучете за балони кои не се од латекс за да не се ислоѓите на опасност од гушење кај децата под 8 години. Најпогодни се балоните со хелиум.

5. Создадете место за игра. Повеќето од бебињата на оваа возраст главно се постојано на сите четири, па затоа обезбедете зона која ќе биде безбедна за бебињата и исполнета со играчки соодветни за возраста на вашите мали гости. Наместете столчиња околу овој простор за родителите да се релаксираат и да ги надгледуваат своите деца.

6. Проверете ја храната. Прашајте ги гостите дали има некоја алергија на храна која треба да ја земете предвид. Закуските нека бидат едноставни, како на пример исецкано овошје или крекери за деца, и повеќе верзии за возрасните да мезат.

7. Нема потреба од стрес. Има време додека да најмувате кловнови, па D.J.-и :)

На бебето нема да му биде важно дали ќе го славите роденденот дома, во игротека, во двор или во ресторан. Важно е да е со вас и да ја чувствува љубовта околу себе.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон роди син, идниот наследник на Британскиот трон. Долгоочекуваното кралско бебе на Принцот Вилијам и Војвотката Кејт се роди во 16:24 часот по локално лондонско време.

Крвната група претставува карактеристика на секоја индивидуа. Индивидуите со различни крвни групи меѓусебно се разликуваат според постоењето на специфичен протеин (антиген) на површината на црвените крвни клетки.

Па, така некако. 25-годишната пејачка ги прекори папараците на twitter кои ја следеле низ L.A. пред некој ден. „Папараците се за нигде!“ постираше Hilary.

Кога одите на одмор, па макар и на еден викенд, а особено ако сте со дете, секогаш носете си ја домашната мини аптека. Ви посакуваме ниту еднаш да не ја отворите, но за секој случај, мора да ја имате со вас.

Од: Elizabeth Pantley. Како да му помогнете на вашето дете да го прифати второто бебе. Пред да пристигне новото бебе му кажавте на вашето дете дека ќе добие прекрасно мало братче со кое ќе може да си игра и ќе му биде многу забавно.

Иако ја очекуваа кон 11-ти јули, малата радост реши да излезе порано. Во петокот вечерта Kim Kardashian почнала да чувствува контракции, а саботота изутрина се породила по природен пат. Изворите велат дека и двете се добро.

Првиот плач на бебето по породувањето ги означува првите вдишувања на надворешниот воздух, кои за бебето се многу значајни. Тогаш настануваат бројни промени на системот за дишење и крвотокот.

Подкатегории

 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama