Секоја установа која нуди услуги за мајката и спроведува грижа за новородени треба...
- Да има напишана стратегија за доење која ќе биде рутински разработувана со целиот медицински персонал.
- Да го обучи здравствениот персонал со потребните вештини и знаење за спроведување на оваа стратегија.
- Да ги информира сите бремени жени за бенефитите и менаџментот на доењето.
- Да им помогне на мајките да го започнат доењете во текот на првиот половина час по раѓањето на бебето.
- Да им покаже на мајките како да дојат, како да ја одржат лактацијата во случај да бидат одделени од своите новородени.
- Да не им дава на новородените храна или друг напиток освен мајчино млеко, освен доколку е тоа медицинки индицирано.
- Да практикува rooming-in – односно да им овозможи на мајките и новородените да останат заедно – 24 часа на ден.
- Да го охрабри доењето на барање на бебето.
- Да не им дава на новородените вештачки брадавки или цуцли лажалки.
- Да се залагаат за формирање на групи за поддршка на доењето и да им ги посочат овие групи на мајките при испуштање од болница или раѓалиште.
Извор: Заштита, Промоција и Поддршка на Доењето: Специјалната улога на услугите за мајките - Здружена изјава на СЗО/УНИЦЕФ објавена од страна на Светската Здравствена Органзација (World Health Organization).
Текстот е објавен во рамките на Светската недела на доењето 2012