Навраќајќи се на 1970-тите, кога движењето за поддршка на доењето застана во центарот на вниманието со изнесувањето на виделина на деструктивните ефекти на хранењето со шише, интернационалната дебата доведе до тоа да Собранието на СЗО (Светска здравствена организација) во 1981 година го прифати Интернационалниот Код за маркетинг на супститути на мајчино млеко (Познат како Кодот).

Во 1990, Светската Здравствена Организација и УНИЦЕФ направија напори за да се прифати ‘Innocenti Декларацијата за исхрана на новороденчиња и мали деца’ која покрена 4 оперативни цели:

 

  • Назначување на координатор за доење со соодветен авторитет во секоја држава
  • Осигурување дека секоја установа која обезбедува услуги за мајките целосно ги практикува „Десетте Чекори за успешно доење“ (http://www.unicef.org/newsline/tenstps.htm).
  • Стапување на сила на принципите и целите на Кодот и релевантините резолуции на Собранието на СЗО
  • Пропишување на легислатива за заштита на правата за доење на жените работнички.

 

„Десетте чекори“ доведоа до креирање на „Иницијативата Болница - пријателка на бебињата“, промовирана во 1992, а во текот на наредните 10 години, голем број болници работеа на тоа да станат пријателки на бебињата, а голем број здравствени работници беа обучени за советување во врска со доењето, за да им помогнат на мајките за оптимално да дојат и во болницата каде се породени и во заедницата.

Во 2002 година, за да се зголеми напредокот, СЗО и УНИЦЕФ ја развија и промовираа Глобалната Стратегија за исхрана на новородени и мали деца (GS), која издвојува 5 дополнителни цели:

 

  • Развој и имплементација на севкупната стратегија за исхрана на новородени и мали деца
  • Осигурување дека здравствените и останатите релевантни сектори го заштитуваат, промовираат и поддржуваат ексклузивното доење до 6 месеци и продолженото доење до 2-годишна возраст или подолго.
  • Промовирање на временски адекватна, безбедна и соодветна исхрана по 6 месечна возраст, со продолжување на доењето.
  • Обезбедување на Упатство за исхрана на новородени и мали деца во исклучително тешки околности (неухранетост, ниска тежина при раѓање, во итни случаи (катастрофи) и при ХИВ инфекција) 
  • Разгледување на нови легислативи кои би можеле да доведат до поголем ефикасност на Кодот.

 

Покрај тоа, Глобалната Стратегија во детали ги опишува потребните акции за да се имплеметираат овие цели, преку политики и програми, во здравствените установи и во заедницата.

Преземено од Worldbreastfeedingweek.org.

Текстот е објавен во рамките на Светската недела на доењето 2012