Текстот кој го објавуваме е дел од документот WBTi Assesment report за Република Македонија. За десеттиот индикатор Механизми за следење и систем за евалуација, оцената која ја доби Македонија е 5. Овој индикатор се однесува на контролата, системот за управување со информации како дел од процесот на менаџирање и планирање.

 Извор на информациите:

Оргиналниот извештај може да го погледнете на http://worldbreastfeedingtrends.org/ или на следниот линк: Macedonia Report card 2017 и  Assessment report Macedonia. Повеќе информации за севкупниот процес на оценување прочитајте во нашиот претходен текст Проценка на состојбата со доењето во Македонија

Механизми за следење и систем за евалуација

WBTi cover

Следењето на практиките за хранење на доенчиња и мали деца не е дел од системот за водење на здравствена статистика. Без овие податоци не е возможно да се процени ефективноста на различните програми за исхрана на доенче и мало дете – IYCF.

Единствените веродостојни податоци за практиките за исхрана на доенче и мало дете – IYCF се собираат преку редовното MICS истражување - на секои четири години, со финансиска поддршка од меѓународни донатори (UNICEF). Ова се единствените собрани основни и контролни податоци со кои се мери резултатот од спроведените мерки.  

Овие податоци се реферираат на клучните носители на одлуки, но нема информации дали тие се користат при планирање или за подобрување на практиките за хранење на доенчиња и мали деца.

Недостатоци

  • Следењето на практиките за хранење на доенчиња и мали деца не е дел од системот за водење на здравствена статистика.
  • Низок степен на информираност и свесност кај носителите на одлуки за важноста на информациите во врска со исхраната, при развивање на политики засновани на докази, за исхрана на доенчиња и мали деца.
  • Податоците од истражувањето се реферираат на клучните носители на одлуки, но нема информации дали тие се користат при планирање или за подобрување на практиките за хранење на доенчиња и мали деца.

shutterstock 164618243Препораки

  • Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство, Институтот за здравствена заштита на мајки и деца и Комитетот за доење треба да ги идентификуваат клучните показатели за оценување на практиките за доење и исхрана на доенче и мало дете и да ги вметнат во националниот систем за собирање податоци, користејќи ги дефинициите на СЗО.
  • Треба да се воспостави стандардизиран систем за следење на практиките на доење и исхрана на доенче и мало дете врз основа на дефинициите на СЗО.
  • Потребно е системско прибирање на податоците од мониторингот и евалуацијата.
  • Податоците треба да се користат од страна на клучните носители на одлуки при планирањето на понатамошни активности за унапредување на практиките за хранење на доенчиња и мали деца.
  • Активности за градење на капацитетите насочени кон клучните носители на одлуки, за важноста на собирањето податоци во врска со исхраната на доенчињата и малите деца, при развивање на соодветни политики за исхрана и за подобрување на целокупното здравје на доенчињата и малите деца.

 

Превод: Благица Ингилизовска (Преводот е изработен на волонтерска основа.)

Уредување: Др Денис Ал Кхалили – Специјалист педијатар

___________________________________________________________________________ 

* Една од трите главни програмски насоки на Организацијата Лулка е промоција, заштита и поддршка на доењето. Лулка го промовира доењето во Македонија од 2011 година, преку едукација на трудници и доилки, соработка со WABA и одбележување на Светската недела на доењето секоја година.