Започна Светската недела на доењето и трае од 1-ви до 7-ми Август. Организацијата Лулка и оваа година за Вас обезбеди многу информации, интервјуа со мајки кои дојат/доеле, текстови за состојбата со доењето во Република Македонија, интересни новини во врска со движењето за заштита и промоција на доењето на глобално ниво...
Оваа година воспоставивме соработка со ЗМСТА За нас и со Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари, со кои во следниот период ќе работиме на промоција и поддршка на доењето и информирање на пациентите и на здравствените работници за значењето и предностите на доењето, за бебето, за мајката, за семејството и општеството.
Се заблагодаруваме на мајките кои преку интервју за Лулка го споделија своето искуство и впечатоци за доењето. Се заблагодаруваме на мајките волонтери кои посветија дел од своето време и ни помогнаа во подготовката на материјалите.
Се заблагодаруваме на нашите партнери од индустријата, на компанијата Виолета, на URIAGE и ПреМамаДуо за поддршката која ја даваат на Лулка.
Ви ја честитаме Светската недела на доењето 2018!
Прочитај го официјалното соопштение на WABA за Светската недела на доењето 2018 !