Зад нас е уште една Светска недела на доењето. Организацијата Лулка како застапник (endorser) на WABA во Република Македонија, ја одбележа Светската недела на доењето од 01. до 07-ми Август 2018 година и спроведе низа активности за заштита, промоција и поддршка на доењето.

Активностите поврзани со дењето се дел од програмските насоки на организацијата Лулка и тие се спроведуваат во текот на целата година, преку организирање на работилници, учество на стручни состаноци, секции и конгреси, преку превод и објавување на важни меѓународни документи, соработка со Комитетот за доење при Министерството за здравство и слично. Организацијата Лулка јавно го објавува извештајот за активностите поврзани со Светската недела на доењето.

Прочитајте го официјалниот извештај на организацијата Лулка за Светската недела на доењето 2018