Организацијата Лулка активно е вклучена во процесот на креирање на стандарди за грижа на новородените и предвреме родените бебиња на ниво на Европа. Преку серија текстови во следниот период ќе Ве запознаеме со тематските области за кои се креираат стандардите.
Паралелно со ова, работиме на воспоставување комуникација со стручните здруженија во Македонија и со МИнистерството за здравство, со цел информирање и имплементирање на овие стандарди и во нашата држава. Повеќе информации за проектот на следниот линк.
Раѓање и трансфер
Раѓање и трансфер е првата тематска област за која се креираат стандарди во рамки на Европскиот проект Standards of care for newborn health. Оваа тема се однесува на тоа каде треба бебето да се роди и како да биде организиран и спроведен транспортот на новороденото и неговата мајка. Оваа важна тема ги вклучува прашањата за организирање на перинатални центри, организирање на транспорт на мајката доколку и претстои предвремено породување, специјализиран неонатален транспорт на бебето по породувањето и соработката помеѓу акушерскиот и неонатолошкиот тим.
Клинете за повеќе информации...
Етичко одлучување и палијативна нега
Етичко одлучување и палијативна нега е втората тематска област за која се креираат стандарди во рамки на Европскиот проект Standards of care for newborn health. Оваа тема се однесува на предизвиците при донесувањето на одлуките во процесот на неонатално интензивно лекување и нега.
Клинете за повеќе информации...
Дизајн на единицата за неонатална интензивна нега
NICU Design / Дизајн на единицата за неонатална интензивна нега е уште една тематска област за која се креираат стандарди во рамки на Европскиот проект Standards of care for newborn health. Оваа тема се однесува на стандардите за инфраструктура и дизајн на единиците за неонатална интензивна нега кои овозможуваат оптимална високо квалитетна нега, средина која е погодна за вклучување на семејството и за практикување на развојна нега.