Значаен проблем кој кај нас сеуште се јавува многу често е прераното прекинување на доењето и воведување на кравјо млеко во исхраната на доенчињата.
Неретко во секојдневната педијатриска практика се среќаваат деца хранети со кравјо млеко, некои уште од раѓање. Доколку не доите или го дохранувате Вашето бебе со адаптирано млеко значајно е да разликувате:
- Почетна млечна формула за доенчиња, која се употребува од раѓање до навршени 6 месеци, и
- Преодна млечна формула за доенчиња која се употребува по навршување на 6 месеци.
Зошто кравјото млеко не е адекватно за доенчиња до навршени 12 месеци?
- Кравјото млеко содржи поголема концентрација на протеини и минерали, а тоа ги оптоварува бубрезите на доенчето;
- Составот на мастите не е адекватен, има премногу заситени масни киселини, а премалку есенцијални масни киселини. Кравјото млеко не содржи незаситени масни киселини;
- Содржи помалку витамини и јод;
- Содржи помалку железо кое многу послабо се ресорбира во цревата. Недостатокот на железо може да предизвика слабокрвност или анемија кај бебето.
М-р. Д-р. Ангелчо Андоновски