Шакира ја сподели фотографијата од своите двe омилени мочиња, Пике и малиот Милан. На фотографијата, 26-годишниот тато Пике го бакнува својот син во обравчето.

Како дел од прославата на малиот Милан, преку УНИЦЕФ фановите може да донираат од 5 до 110 долари за да се помогне во спасувањето на детските животи. „Се надеваме, во негово име, дека на помалку привилегираните деца во светот ќе им бидат задоволени основните потреби преку подароци и донации“, напишаа Шакира и Пике. „Ви благодариме што го споделувате овој незаборавен миг со нас.“