Доењето е природен процес. Неговото значење е непроценливо и за бебето и за мајката. Постојат докази за силното влијание на доењето врз здравјето и правилниот развој на бебето. Но колку време треба да се дои бебето? До кога?
Здруженијата на педијатри препорачуваат здравите мајки ексклузивно да го дојат своето бебе во текот на првите 6 месеци по породувањето. Ексклузивно доење значи дека бебето во првите 6 месеци, освен мајчино млеко, не треба да внесува никаква храна или пијалоци. Докажано е дека мајчиното млеко целосно ги задоволува гладот и жедта на бебето во првите шест месеци.
По шестиот месец, покрај мајчиното млеко, во исхраната на бебето треба постепено да се внесуваат различни прехрамбени продукти. Внесувањето на хранливите продукти во исхраната мора да се одвива постепено и по определен редослед. Тоа овозможува прилагодување на бебето и правилен развој на неговиот систем за варење. Прераното внесување на некои прехрамбени продукти во исхраната на бебето, кај него може да предизвика алергиски реакции на храна, атописки дерматити и слично.
Ваквиот начин на комбинирање на доењето со редовна исхрана е препорачано да трае додека детето наврши две години.