„Многу ми е мило што организацијата Лулка го поттикнува доењето, а со тоа и мајчинството! Јас сум мајка за прв пат на едно палаво дете кое се вика Огнен. Тој пред една недела наполни една година и сѐ уште го дојам.“

Др Денис Ал Кхалили – специјалист педијатар и претседател на организацијата Лулка, предавач на работилниците за доење кои ги организира Лулка, вели дека доењето е сосем природен однос помеѓу мајката и бебето, кој е пожелно да започне веднаш по раѓањето, за да може за краток период од неколку дена, мајката да обезбеди храна и целокупна поддршка за малото новороденче.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка

 (01.08.2019)

 

Во пресрет на Светската недела на доењето 2019, која се одбележува секоја година од 1-7ми  Август, Ве покануваме да се придружите кон глобалната цел – промоција, заштита и поддршка на доењето како биолошка норма, најдобар можен начин за хранење на бебето, важен предуслов за правилен раст и развој на секое новороденче и за лесно и квалитетно поврзување на родителите со своето бебе.

Марија Атанасовска – Водителка на познатата емисија за бебиња, деца и родители 0м+ на ТВ Телма, вели дека најчесто со упорност, правилна техника и поддршка, успешно се решаваат повеќето проблеми со доењето. Среќна е што успеала во намерата нејзините ќерки да бидат на мајчино млеко, бидејќи придобивките се повеќекратни. Како од здравстен, така и од емотивен аспект. Блискоста во тие моменти е неповторливо искуство кое треба да го искуси секоја мајка.

Напорите на организацијата Лулка за промоција, заштита и поддршка на доењето продолжуваат и понатаму. Во рамки на овие активности, Др Денис Ал Кхалили во име на организацијата Лулка гостуваше во емисијата 0м+ на ТВ Телма.

Љубица Спасова – Мајка од Штип која ги доела своите две деца. И денес, кога се обидува да се присети на тој бебешки период и на раното детство на своите деца, прва слика која и се јавува е детето на нејзините гради, топлината создадена меѓу двајцата, неговото блажено лиценце додека цица...

Една од трите програмски насоки на кои работи организацијата Лулка е промоција, заштита и поддршка на доењето во Република Македонија. Лулка работи на обезбедување соодветни информации за трудниците во текот на бременоста и поддршка на доењето по породувањето.

Ребека Јанковска – наша позната музичка ѕвезда и мајка која ги доела своите три деца, од кои две близнаци, вели дека породувањето е најприродното чудо на светот. Мајките кои чекаат близнаци се благословени. Ребека брзо успеала да ги дои двете бебиња истовремено, а голема поддршка и помош имала од нејзината мајка и од свекрвата.