Ф.П. – мајка од Битола, вели дека доењето е најздрав, најлесен и најпрактичен начин на хранење на вашето бебе. На почетокот имала проблеми, но ги надминала со поддршка и совети од други мајки кои поминале низ истотo. Според неа, доењето е блискост која само се доживува, едно посебно чувство на љубов и грижа за своето дете.
Во изминатиот период објавивме повеќе текстови кои се однесуваат или произлегуваат од Извештајот за проценката на состојбата со доењето во Република Македонија (WBTi – World Breastfeeding Trends Initiative). Оваа релативно објективна и меѓународно стандардизирана проценка на состојбата е објавена на веб-страницата на WBTi (http://worldbreastfeedingtrends.org/) и се однесува на 2017 година, во кој период е извршена проценката и добиен резултатот.
М.А, мајка од Скопје која ги доела своите две деца вели дека доењето е природен процес и доаѓа само од себе, бебето кога ќе се роди знае што прави и се е во ред. Според неа, доењето ја прави врската мајка-дете поинаква од сите други, искуството е непроценливо.
Сите мајки знаат дека мајчиното млеко е најдобра храна за бебето. Меѓутоа, постојат уште многу други факти во оваа чудесна течност кои досега, веројатно, не сте ги знаеле...
Николина Дојчиноска е мајка од Скопје која го дои своето тримесечно бебе. Во текот на бременоста посетувала работилници за доење и породување, што значително и го олеснило целиот процес. Според Николина, доењето е исконска поврзаност помеѓу мајката и бебето. „Многу е моќно како природата го извела сето тоа. Пријатно чувство, доењето овозможува зближување на мајката со бебето“ - вели таа.
Поддршката на доењето го илустрира потенцијалното влијание на различни фактори врз одлуката на мајките да дојат и да стекнат позитивно искуство од доењето. Објавени за прв пат во текот на Светската недела на доењето 2008.
Маја Андоновска Илиевски – Актерка во НУ Народен театар-Битола го сподели со нас искуството со доењето на своето бебе. Иако доењето траело само четири месеци, таа вели дека и тие четири месеци многу и значеле, бидејќи бебето одлично напредувало. Според Маја, нема ништо поубаво од тоа да го доиш своето бебе кога тоа сака, каде сака и колку сака.
Секоја жена која го доела своето чедо знае колку прекрасно и незаменливо чувство е тоа! Доењето е најлесниот и најубавиот, а истовремено и најкорисниот начин да му подарите здравје, љубов и сигурност на вашето малечко.