Одбележувањето на овој ден е потсетник за важноста на заедничкото делување на Министерството за здравство, здравствените институции, стручната јавност и родителите на предвреме родените бебиња, со цел секое предвреме родено бебе да добие шанса за здрав и сигурен почеток во животот.
Бронхопулмонална дисплазија (БПД) е хронично белодробно заболување кое се среќава кај недоносените бебиња кои подолго време биле под кислородна терапија и механичка вентилација. Најмалку 20% од бебињата кои биле на механичка вентилација ја имаат оваа дијагноза.
Во пресрет на 17 Ноември – Светскиот ден на предвременото породување – разговараме со д-р Денис Ал Кхалили, претседател на Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“. Веќе 16 години оваа организација претставува значаен столб во поддршката на трудниците, родителите и семејствата кои се соочуваат со предвремено породување. Во ова интервју зборуваме за значењето на Светскиот ден на предвременото породување, за организацијата Лулка, за успесите, предизвиците и приоритетите во неонаталната нега во Македонија.
Што е Пневмоторакс?
Пневмоторакс претставува продор на воздух во плевралниот простор, што предизвикува колабирање на белодробното крило. Пневмотораксот може да доведе до полесна или потешка состојба, а тоа зависи од количеството на воздух помеѓу плевралните листови во градниот кош.
Пред неколку години, Александра и Мики се соочија со најтешкиот предизвик во својот живот – од две предвремеродени бебиња, само едно преживеа. Тоа беше болка што секој родител тешко може да ја опише, но токму во таа болка нивната љубов стана посилна, нивната надеж посветла. По некое време, животот им донесе второ чудо – уште две предвремеродени бебиња. Патот повторно беше тежок, со стравови, ноќни будења и секојдневна борба, но денес тие три чуда растат како весели, радосни деца, исполнувајќи го домот на Александра и Мики со смеа, топлина и неизмерна љубов.
Ризикот за губење на слухот кај терминско бебе и кај предвреме родено бебе не е ни приближно ист. Ако од 1000 новородени термински бебиња се очекува 1 до 3 бебиња да имаат проблем со слухот или да бидат целосно глуви, кај предвреме родените бебиња од 100 (не од 1000) новородени се очекуваат околу 15 бебиња да имаат некаков проблем.
Во пресрет на Светскиот ден на предвременото породување – 17 Ноември, разговараме со Проф.Д-р Силвана Наунова Тимовска, претседател на Здружението на неонатолози на Македонија. Во ова интервју, таа зборува за предизвиците, напредокот и идните насоки во неонаталната нега во нашата земја, како и за значењето на заедништвото меѓу семејствата, медицинските професионалци и институциите.
Некротизирачки ентероколитис (NEC) е една од посериозните болести на дигестивниот систем (на цревниот систем) и една од почестите која се јавува кај предвреме родените бебиња. Болеста настанува поради повреда или воспаление на тенкото или дебелото црево.