Kangaroo care (кенгур кер) е метод на нега на новороденчето со контакт кожа со кожа со родителот, најчесто применуван кај предвремено родените бебиња – прематурчиња.
Дури и пред да започне бременоста, некои жени веќе се вбројуваат во разична група, односно постојат причини за сомнеж дека таа бременост би можела да се искомплицира.
Бременоста обично трае 40 гестациски седмици или 280 дена,сметајки од првиот ден на последната менструација. Околу 85% од породувањата се термински,односно се случуваат помеѓу 38 и 40 гестациска недела. За предвремено породување се смета секое породување што настанало пред 37 мата гестациска седмица или тоа е пред навршени 259 дена од бременоста.
По извесно закаснување во почетокот на животот, повеќето предвремено родени бебиња се развиваат нормално. Меѓутоа, предвремено родените деца имаат висок ризик од појава на развојни пореметувања во текот на животот.
Во текот на првите два дена од Октомври 2012 година во Скопје, на новата Клиниката за гинекологија и акушерство се одржа работилница наменета за специјалистите неонатолози и медицинските сестри кои работат на неонатална интензивна нега.
Предвременото породување може да се случи од многу причини. Мал процент на предвремени продувања се предизвикани од здравствени проблеми на мајката, како висок притисок, дијабетес, хронични бубрежни и срцеви заболувања.
Во поголемиот број случаи, претходно наведените мерки не е можно да се почитуваат, бидејќи бременоста не била претходно планирана. Доколку веќе сте бремена, почитувајте ги, пред се, препораките од својот доктор и имајте ги на ум сите фактори за ризик.
Првото глобално истражување, објавено по повод 17-ти Ноември 2011 година, првиот Светски ден на предвремено родените деца, покажа дека постои голема потреба од подобро информирање на родилките и трудниците во врска со предвременото породување и здравствените ризици на кои се изложени прeдвремено родените бебиња.