Дури и пред да започне бременоста, некои жени веќе се вбројуваат во разична група, односно постојат причини за сомнеж дека таа бременост би можела да се искомплицира.

Овде спаѓаат: 

  • жени со хорничини болести, како дијабетес мелитус, срцеви заболувања, висок притисок, болести на штитната жлезда, ревматизам, венска тромбоза, психички пореметувања
  • жени со компликации во претходната бременост, како спонтан абортус, предвремено породување, прееклампсија
  • жени со фактори за ризик во семејството (и од страната на таткото и на мајката). alt

Можно е значително да се делува на развојот на нероденото дете и да се намали ризикот од потенцијални компликации во бременоста дури и пред да дојде до зачнување. Превентивните мерки пред почетокот на бременоста треба да започнат веднаш штом жената започне да ја планира бременоста. Многу од овие мерки се однесуваат на сите жени кои планираат да станат мајки,  а не само на оние кај кои веќе постојат одредени фактори за ризик.

Општи совети за жените кои планираат бременост 

  • здрав начин на живот, физичка активност и здрава исхрана, како и дополнителтен внес на фолна киселина
  • престанок на навиката за пушење или земање наркотици и алкохол
  • советување со докторот во врска со дотогаш земаните лекови и нивните можни несакни дејства и во врска со евентуалните препорачани вакцинации
  • смалување на физичкиот и менталниот стрес на работа и дома.