Бронхопулмонална дисплазија (БПД) е хронично белодробно заболување кое се среќава кај недоносените бебиња кои подолго време биле под кислородна терапија и механичка вентилација. Најмалку 20% од бебињата кои биле на механичка вентилација ја имаат оваа дијагноза.
Според најновите истражувања, дијагнозата треба да се дава автоматски на секое бебе кое било подолг период интубирано. Бројот на бебиња со оваа дијагноза се најмногу од групата на новороденчиња родени под 30 гестациска недела и родилна тежина под 1500 гр. Бебињата кои се родени со екстремно мала родилна тежина од 500-700 гр. имаат 85% повеќе ризик за појава оваа болест.
Ризик фактори:
- телесна тежина под 1500 гр,
- тежок ресипираторен дистрес синдром придружен со агресивна кислородна терапија и механичка вентилација,
- висок степен на незрелост на белите дробови, инфекции, дефицит на витамин.А и витамин.Е, кислородна токсичност итн.
Симптоми на БПД:
- чести бронхиолити;
- чести бронхопневмонии;
- чести хоспитализации (лекување во болница);
Дијагнозата се определува според историјата на болеста, рентген снимки, клиничка слика на бебето итн. Децата со БПД, до 2 годишна возраст може да боледуваат од тешки бронхопневмонии и бронхиолити проследени со белодробна опструкција. Истражувањата покажале дека децата со БПД имаат бронхиална хиперактивност, симптоми на бронхиална астма и тешко пребродување на респираторните вирусни инфекции, особено инфекцијата со респираторен синцицијален вирус - RSV. Терапијата вклучува долгорочен внес на кортикостероиди, бронходилататори, диуретици и честа антибиотска терапија.
Извор: https://www.lung.org/lung-health-and-diseases/lung-disease-lookup/bronchopulmonary-dysplasia/
Превод: Слободанка Туџарова - ФБ група „Предвремено родени деца“ - Група на мајки на предвремено родени деца