Во 2013 година активностите за Светската недела на доењето се одвиваа под слоганот “Поддршка за доењето: Близу до мајките”, со посебна нагласка на поддршката помеѓу мајките во заедницата, таканаречен Peer counseling (PC).

Дури и кога мајката успешно започнува да го дои своето бебе, може во првите недели или месеци по породувањето да се забележи остар пад на стапките на доење, промена на праксата за хранење на бебето и пад на степенот на ексклузивно доење.

Периодот кога мајките не посетуваат здравствена установа е време кога системот за поддршка на доењето во заедницата е од суштинско значење за мајките кои дојат или сакаат да дојат. Континуирана поддршка за одржување на доењето може да се обезбеди на најразлични начини. Традиционално, поддршката се обезбедува од страна на семејството. Со промената на општествените текови и начинот на живот, особено со урбанизацијата и живеењето во големите градови се јавува потреба од поширок опсег на поддршка на мајките. Оваа поддршка може да биде обезбедена од здравствени работници, консултанти за доење, локални лидери или едноставно од пријателки кои се мајки и доеле. 

Peer counseling или поддршка во заедницата е евтин и ефикасен начин да се допре до поголем број мајки со поголема фрекфенција на посети. Советник за поддршка во заедницата може да биде секој член на локалната задница кој е обучен да дава поддршка на мајките во врска со доењето. Обучените советници кои се на располагање во локалната заедница се од голема помош за мајките кои имаат прашања и проблеми поврзани со доењето. „Клуч за успешно доење е секојдневната поддршка на мајката која дои во нејзиниот дом и во локалната заедница.“

Reference: Saadeh RJ, editor with Miriam H. Labbok, Kristin A. Cooney, Peggy Koniz-Booher (1993), Breast-feeding: the Technical Basis and Recommendations for Action: Role of Mother Support Groups, Geneva, World Health Organization, 62-74.