Со новата мајка Beyoncé меѓу славните мајки кои немаат гајле со доењето во јавност, ќе погледнеме неколку профили на познати мамички кои обожаваат да ги дојат своите бебиња.

 

#2

Гордата доилка мама Pink вели : „Ич не ми е гајле што мислат другите“ кога станува збор за доење на нејзината 18 месечна ќерка Willow. Pink е горда доилка која е подготвена да му се спротивстави на секој што ја критикува за нејзиното доење. Неодамна, за време на едно радио интервју, пејачката раскажа: „Првиот пат кога отидовме во ресторан, помина еден дечко, а јас имав прекривка. Како што поминуваше просто се згади и рече ’бљак’... Јас изреагирав ’Тебе не те гушкале доволно кога си бил мал.’ Carrie ме праша:’ Започнуваш караници во ресторан?’ Јас му реков: ’Ќе се карам, држи го бебето.“

“Мислам дека доењето е здраво и природно и е пријатно за моето бебе, па затоа и ич не ми е гајле што мислат другите“, вели Pink.

 

#3

Моделот на Victoria’s Secret, Miranda Kerr и нејзиниот згоден партнер Orlando Bloom го пречекаа своето синче, Flynn, во јануари, 2011. Иако ваквата индустрија очекува супермоделите веднаш да си ја вратат беспрекорната фигура , Миранда изјави дека прв преиоритет и било да го дои своето бебе. Не чувствував притисок да се вратам во форма“, вели таа. „Мојот приоритет беше да го родам син ми и да го дојам, нешто што многу сакав да го правам, а лесно се случи“. Миранда продолжи да го дои Flynn и по неговиот прв роденден. “Сеуште имам млеко, но знаете и тој има запчиња“, рече таа кога Flynn имаше 17 месеци. 29-годишната австралиска убавица додаде, „Ќе го дојам најдолго што можам. Мајчиното млеко ќе му овозможи исхрана потребна за неговиот здрав развој”.

“До сите мајки: Се надевам дека ќе го направите вистинскиот избор за вас и вашето бебе“.

 

#4

Alanis Morissette, пејачка и текстописец, е една од славните мајки кои ги исполнуваа насловните страни на списанијата. „Јас сум приврзан родител“, рече пејачката, мајка на тогаш 21-месечнииот син Ever. Го дојам и ќе го дојам син ми сѐ додека не се одвикне.“ „Мислам дека доењето му овозможува на детето да оди на што помалку терапии кога ќе порасне.

“Што се однесува до мене, јас ја заштитувам неговата безбедност, добро здравје и неговата приврзаност. Оваа фаза од развојот е многу важна фаза.“

 

#5 

Актерката, Hilary Duff го обожува мајчинството. Таа го роди своето синче Luca Cruz на 20ти март минатата година. Иакона почетокот доењето за неа беше „тешко“, тоа стана омиленото време поминато со нејзиното мало момче. Многу се поврзавме за време на доењето,“ рече Hilary. „Тоа е толку, толку посебно.“ Таа исто така додаде дека и требало време да се навикне, но вредело.

„Исто е како нафаќањето на многу работи во животот. Мора да го доживеете за да го разберете. Никој не може да го прави тоа за вас.“