Прочитајте за целите на Светската недела на доењето во 2013 година.

  1. Да се потенцира важноста на поддршката на доењето во заедницата (Peer counseling - PC) за воспоставување и одржување на доењето.
  2. Да се информираат граѓаните за значајните и ефективни придобивки од поддршката на доењето во заедницата и да се вложи напор за проширување на ваквите програми.
  3. Да се поттикнат оние кои го поддржуваат доењето, без оглед на нивниот степен на образование,  да се пријават и да бидат обучени за давање поддршка на мајките и нивните бебиња.
  4. Да се идентификуваат локални групи за поддршка на кои мајките ќе можат да се обратат за помош и поддршка по раѓањето.

Да се повикаат владите и породилните установи на глобално ниво активно да ги имплементираат Десетте чекори на иницијативата Болница пријателка на бебињата, особено чекорот 10, за да се подобри стапката и времетраењето на ексклузивното доење.