Организацијата Лулка ја одбележува Светската недела на доењето во Република Македонија од 2011 година. Запознајте се со целите на Светската недела за 2012 година.

Целите на глобалното движење за 2012 беа:

  1. Проценка на научените лекции и достигнувањата во исхраната на новородените и малите деца
  2. Проценка, на глобално ниво, на статусот на имплементација на Глобалната стратегија за исхрана на новородени и мали деца
  3. Прославување на успехот и постигнувањата на национално, регионално и глобално ниво и промоција на националните успеси на глобално ниво
  4. Повик за акција за премостување на слабостите во политиките и програмите за доење и исхрана на новородени и мали деца
  5. Привлекување на јавното внимание врз политиките и програмите за доење и исхрана на новородени и мали деца.

Преземено од Worldbreastfeedingweek.org. Текстот е објавен во рамките на Светската недела на доењето 2012.