Доењето, една од најприродните работи на светот, бара трпение и координација. Вреди да се помачите додека да ја најдете најпогодната положба за вас и вашето бебе. На крајот од краиштата ќе поминете саати и саати доејќи го вашето малечко.
Држење - Лулка
Оваа класична позиција за доење бара да го потпрете главчето на бебето на свиокот од вашата рака. Седнете на стол кој има странични потпирачи или на кревет со многу перници. Поставете ги нозете на масичка, ниско столче или друга подигната површина за да одбегнете да се веднете кон бебето.
Држете го бебето во вашиот скут (или на перница во вашиот скут) така што ќе лежи на страна со лицето, стомакот и колената директно свртено кон вас. Протнете го неговото долно раче под вашата рака. Испружете го долниот дел од вашата рака по должината на неговото грпче за да биде потпора на вратчето, ‘рбетот и газето. Поставете ги неговите коленца свртени кон вашето тело, преку или под левата града. Треба да лежи хоризонтално или подигнато под благ агол.
Погодна за: Оваа позиција добро функционира за терминските бебиња кои се родени вагинално. Некои мајки велат дека оваа положба им отежнала кога се обидувале да ја водат устата на бебето кон брадавката, па можеби ќе ја преферирате оваа положба кога вашето бебе ќе има посилни мускули на вратот - на возраст од околу 1 месец. Мајките кои се породиле со царски рез велат дека оваа положба им врши поголем притисок на стомакот.
Држење - Преку
Ако доите на десната дојка, користете ја левата дланка и рака за да го држите бебето. Ротирајте го неговото тело така што градите и стомачето ќе бодат дитректно свртени кон вас. Со палецот и прстите зад главчето и под ушињата, водете му ја устата кон дојката.
Погодна за: Оваа положба е добра за мали бебиња и бебиња кои имаат потешкотии „да се закачат“.
Спојка или фудбалски зафат
Како што навестува името, во оваа позиција го поставувате бебето под вашата рака (на истата страна на која доите) како фудбалска топка или ташна.
Прво, поставете го бебето од страна под вашата рака. Треба да е свретно кон вас со носето на ниво на вашата брадавка, а со стапалцата кон вашиот грб.
Потпрете си ја раката на перница во скутот или ведбнаш до вас и потпрете ги раменцата, вратчето и главчето на бебето на вашата дланка. Така држејќи го, прво доведете го до брадавката.
Но, бидете внимателни - не го притискајте толку многу кон дојката за да не почне да негодува и да одбие да цица или да ја бутка вашата дланка со главчето. Користете ја вашата подлактица како потпора на горниот дел од грпчето.Практикувајте ја оваа положба кога сакате да ја смените дојката. Па, наместо да го вртите бебето од положба - Лулка, при што му се пореметува центарот за рамнотежа и потешко се враќа на цицање, вие само лесно ќе го поместите бебето надолу.
Погодна за: Можеби ќе сакате да ја пробате оваа позиција доколку сте се породиле со Царски рез (за да одбегнете бебето да лежи на вашиот стомак, односно да осеќате притисок на стомакот). И доколку вашето бебе има проблем „да се закачи“, оваа положба ви овозможува да го водите до брадавката, Исто така функционира и за жени кои имаат поголеми гради или рамни брадавки, како и за мајки со близнаци.
Лежечка положба
За да доите додека лежите, замолете го партнерот или оној кој ви помага да ви постави неколку перници зад грбот за потпора. Можете да ставите перница под главата и рамената, и исто така, една помеѓу свитканите колена. Целта е да го држите грбот и колковите во права линија.
Со бебето свртено кон вас, повлечето го близу и потпрете му го главчето со дланката од вашата долна рака. Или потпрете му го главчето со горната рака, поставувајќи ја долната рака под глава, за да не ви пречи. Ако на бебето му е потребно да биде поставено повисоко или поблизу до дојката , поставете мала перничка или свиткано ќебенце под неговото главче. Не треба да се протега за да ја досегне брадавката, ниту пак вие треба да се веднете кон бебето. Можеби ќе треба да ја подигнете дојката со прстите одоздола за удобно да дојде бебето до брадавката.
Погодна за: Оваа положба е погодна за оние кои опоравуваат од царски рез или од тешко породување. Исправеното седење е неудобно, а понекогаш доите легнати и во текот на денот. Положбата е погодна и за доење навечер.