По извесно закаснување во почетокот на животот, повеќето предвремено родени бебиња се развиваат нормално. Меѓутоа, предвремено родените деца имаат висок ризик од појава на развојни пореметувања во текот на животот.

Предвремено родените деца имаат висок ризик од појава на развојни пореметувања во текот на животот, од намалено внимание и специфични потешкотии во учењето до сериозни ментални и физички оштетувања.

Овие деца се, исто така, многу подложни на секундарни проблеми како што се зголемен ризик од инфекции и развој на хронични заболувања или респираторни инфекции. Многу е важно терапијата на оваа група на деца да започне што порано, за да се спречат ваквите потешкотии кога е тоа можно. Недосатоците мора да се препознаат во најрана возраст и мора да се примени соодветна терапија. Едукацијата на родителите и медицинските стручњаци во оваа област е од суштинско значење. 

Примери на можни проблеми кои се последица од предвременото раѓање

  • доцнење во развојот
  • ретинопатија поврзана со предврменото раѓање
  • церебрална парализа
  • проблеми во социјализација и интеграција
  • органски заболувања (на системот за варење, срцето, белите дробови или оштетувања на видот и слухот)
  • ментална ретардација
  • потешкотии во учењето (синдром на намалено внимание и хиперактивност, дискалкулија, дислексија)
  • проблем во воспоставување контакт и интеракција
  • проблеми со хранењето и напредувањето (ФТТ)
Преживување

Благодарејќи на големиот технолошки напредок и сѐ подобрата соработка од гинеколозите, акушерките и педијатрите-неонатолози, процентот на преживеани предвремено родени бебиња зналително се зголеми во последниве години. Денес дури и екстремно предвремено родените бебиња, родени со полни 23 гестациски недели, имаат зголемени шанси за да преживеат. По 24-та гестациска недела, бебињата имаат реални шанси за преживување. Морталитетот опаѓа со зголемување на траењето на бременоста, односно шансите за преживување се зголемуваат со секоја дополнителна недела од бременоста.