Kangaroo care (кенгур кер) е метод на нега на новороденчето со контакт кожа со кожа со родителот, најчесто применуван кај предвремено родените бебиња – прематурчиња.
Методот Кенгуру кер бил откриен во Колумбија во 1970-тите, со цел да се зголеми стапката на преживеани предвремено родени бебиња.
За време на оваа процедура, бебето носи само пелена и капче, а мајката или таткото го држат на своите голи гради. Докажано е преку истражувања дека температурата на градите на мајката се адаптира на потребите на новороденото. На пример, температурата на кожата на мајката ќе се зголеми ако температурата на новороденото е прениска. Ваквата нега и пристап имаат многу бенефити за новороденчето, кои вклучуваат: подобрен ритам на дишење, стабилизирање на срцевиот ритам, подолг сон, забрзано накачување на килажата и помалку плачење. Кенгуру кер не му годи само на новороденото, туку и на неговите родители. Некои од бенефитите за родителите вклучуваат зголемена поврзаност и близина со новороденото и поголема самодоверба во грижата за своето бебе. Во најголемиот број случаи веднаш штом започне кенгуру кер, т.е. штом бебето се постави на градите на својата мајка / татко, тоа заспива. Кенгуру кер е во голема мера благотворен и ефективен метод. Со овој метод може да се започне веднаш по добивање на зелено светло од докторот.