Кенгуру кер, контакт кожа на кожа или Kangaroo Care се термини кои се однесуваат на одржување на бебето голо, само во пелена, на голите гради на мајката или таткото. (Извор: USIKC).

Негата со контакт кожа на кожа или Kangaroo Care (KC), се однесува на поставување и држење на бебето/новороденото на голи гради. Оваа интервенција за прв пат е користена во 1978 година од страна на Едгар Reј, во Богота, Колумбија, како алтернатива на користењето на инкубатор. Оттогаш овој тип на нега се испитува и имплементира во целиот свет. 

Одделот за неонаталната интензивна нега (NICU) може да биде непријатно сензорно искуство за предвреме родените и критично болните новороденчиња и нивниот кревок невро-когнитивен развој.  Според Центарот за контрола на болести и превенција (CDC) од САД, во 2012 година предвременото породување (раѓање пред 37 гестациска недела) е застапено кај 1 од 8 деца во САД, и може да доведе до долгорочни здравствени проблеми и доживотен хендикеп кај овие индивидуи. Тие известуваат дека импактот врз социјалниот и економскиот развој се проценува на најмалку 26,2 билиони долари.   

Постои загриженост дека оваа неповолна средина може негативно да влијае на растот на бебињата, особено на мозокот чиј развој е особено ранлив кај овие бебиња.  Иако се бележи подобрување на опстанокот на недоносените бебиња во текот на изминатите две децении, на долг рок морбидитетот (подложноста на болести) на преживеаните останува сериозен проблем. Спроведуваните студии на предвреме родените кои преживуваат, на училишна возраст, покажуваат намалени когнитивни перформанси (намалена способност за учење) и проблеми во однесувањето кај овие деца. 

Вормерите и инкубаторите кои се користат секојдневно во одделите за неонаталната интензивна нега, имаат  докажан ефект во подобрување на резултатите и исходот на овие бебиња. Затоа препораката е контактот кожа на кожа (Кенгуру кер) да се спроведе што е можно поскоро, да трае што е можно подолго и колку што е можно понепречено, како што е препорачано од страна на Американската Академија по Педијатрија (AAP), UNICEF и Светската здравствена организација (СЗО) за поддршка на непосредниот и долгорочниот развој на недоносените новородени и нивните семејства. Овој тип на нега, заедно со неодвојувањето на мајката и бебето, обезбедувањето на мајчино млеко и вклучување на родителите во обезбедување на негата за бебето е цел кон која треба да се стремат сите.

Најдобра практика е Кенгуру кер (контакт кожа на кожа) да се спроведе што е можно поскоро, да трае што е можно подолго и колку што е можно понепречено (Nyqvist et al., 2010, Мај Acta Paediatrica).