Кенгурирањето или нега на предвремено роденото бебе на градите на мајката или таткото е веќе широко применувана метода во болниците во целиот свет.
Еве ги предностите на овој начин на нега за родителите:
- Подобрена приврзаност и поврзување со бебето.
- Поголема прилагодливост и чувство на самодоверба, компетентност и задоволство при негување на бебето.
- Зголемена количина на млеко, дуплирана успешност во процесот на доење и продолжување на времетраењето на доењето.
- Градите на мајката одговараат на термичките потреби на предвреме роденото.
- Ублажено непријатно чувство на разделеност од бебето и чувство на немоќност.