Негата со контакт кожа на кожа има голем број предности за бебето.
Дел од нив се следните:
- Контактот кожа на кожа го намалува неонаталниот морталитет и морбидитет.
- Поретка појава и помала тежина на инфекциите.
- Подобрена приврзаност и поврзување со мајката.
- Забрзан автономен и невро-бихејвиорален развој на бебето.
- Пократок престој во болница.
- Нормален развој на недоносените по доаѓањето дома.
- Мирен сон и подобро покачување на телесната тежина на бебето.
- Подобро одржување на температурата во термички неутралната зона.
- Помалку болнички инфекции, тешки болести или болест на долно-респираторниот тракт.
- Кенгуру кер ја промовира саморегулацијата кај недоносените: циклус на спиење и будност, модулација на стресот и истражување на околината.
- Постојани високи и стабилни нивоа на кислородната сатурација, помал отпор на дишните патишта, помалку епизоди на апнеа, стабилна температура и поголем процент намирен сон.
- Помалку плачење поврзано со болните процедури, намалени физиолошки и бихејвиорални реакции на болката
- Мајчиното млеко е лесно достапно, расположливо и го зајакнува имунолошкиот систем на бебето
- Контактот со мајката кај бебето предизвикува смирувачки ефект, го намалува стресот и го релаксира бебето.
- Позитивен ефект врз когнитивниот и моторниот развој на бебињата.