Подготвеноста на родителите за Kangaroo Care е многу важна за правилно спроведување на овој начин на нега.
Пред започнување на контактот кожа на кожа, родителите треба:
- Да се запознаат со придобивките од Кенгуру кер начинот на грижа и да ги разликуваат знаците на стабилност наспроти знаците на нестабилност (кога треба да се прекине кенгуру кер сесијата).
- Да знаат дека може да направат трансфер од инкубатор на гради и обратно, но САМО после спроведена обука од обучениот персонал и под надзор на мед.песонал.
- Да научат да ги разбираат основните отчитувања на мониторот и да знаат кога треба да ги повикаат вработените во неонаталната интензивна нега.
- Да го отстранат накитот кој може да дојде во контакт со бебето.
- Да се воздржат од користење козметички производи, лосиони или парфем на вратот и градите.
- Да немаат лезии, дефекти, отворени рани на кожата на градите.
- Да се погрижат за своите лични потреби (храна, течности, тоалетот) пред започнување на сеансата, која треба да биде што е можно подолга и непрекината.
- Да си донесат фотоапарат или камера за да го снимат / фотографираат своето бебе.
Родителите може и да заспијат, ако бебето е добро обезбедно и има овозможено надзор од друго лице. Тие може да читаат, одмараат, да го гледаат бебето со рачно огледало, да работат на таблет, да пишуваат дневник, слушаат музика или да гледаат филм (се разбира со слушалки).