- При воведување на кашеста храна доењето продолжува.
- Нови намирници се воведуваат на растојание од една недела.
Треба да се инсистира на воведување на нова храна (особено зеленчук) и во случаи кога детето го одбива првиот внес на кашичката.
- Се започнува со ниско алергогени производи, како овошни кашички (јаболко, крушка, банана), зеленчук (морков,компир, карфиол, келераба, тиквички), ориз, пченкарни снегулки итн.
- Леб по навршени 10 месеци.
- Кравјо млеко: како самостоен главен напиток по навршена една година. Мали количини можат да се додадат во млечните кашички (за подготовка на житна кашичка, пире итн.)
- Глутенот го има во пченичниот гриз, во р`ж, јачмен, зоб, зобни снегулки, биожитарици за доенчиња, тестенини и сл. Глутенот се воведува во мали количини помеѓу 7-8 месеци додека се дои.А
- Јајца: жолчка се дава по навршени 7 месеци , белката по наполнета 1 година.
- Шеќер и сол: по наполнета една година .
- Мед: по наполнета 1 година
- Риба: по наполнета 1 година како свежа зготвена риба (скуша, харинга, сардина, лосос).
- Морски плодови: По наполнета 1 година.
- Кашеста храна со парчиња се воведува по наполнети 10 месеци.
- При воведување мешовита исхрана кај сеуште доено дете, повеќе од 90 % од железото мора да се обезбеди со немлечна храна која содржи доволно биорасположливо железо (црвено месо, леќа, грашок, зелено обоен зеленчук и сл.).
М-р. Д-р. Ангелчо Андоновски