При воведување на кашеста храна доењето продолжува.
Нови намирници се воведуваат на растојание од една недела.
Треба да се инсистира на воведување на нова храна (особено зеленчук) и во случаи кога детето го одбива првиот внес на кашичката.
Се започнува со ниско алергогени производи, како овошни кашички (јаболко, крушка, банана), зеленчук (морков,компир, карфиол, келераба, тиквички), ориз, пченкарни снегулки итн.
Леб по навршени 10 месеци.
Кравјо млеко: како самостоен главен напиток по навршена една година. Мали количини можат да се додадат во млечните кашички (за подготовка на житна кашичка, пире итн.)
Глутенот го има во пченичниот гриз, во р`ж, јачмен, зоб, зобни снегулки, биожитарици за доенчиња, тестенини и сл. Глутенот се воведува во мали количини помеѓу 7-8 месеци додека се дои.А
Јајца: жолчка се дава по навршени 7 месеци , белката по наполнета 1 година.
Шеќер и сол: по наполнета една година .
Мед: по наполнета 1 година
Риба: по наполнета 1 година како свежа зготвена риба (скуша, харинга, сардина, лосос).
Морски плодови: По наполнета 1 година.
Кашеста храна со парчиња се воведува по наполнети 10 месеци.
При воведување мешовита исхрана кај сеуште доено дете, повеќе од 90 % од железото мора да се обезбеди со немлечна храна која содржи доволно биорасположливо железо (црвено месо, леќа, грашок, зелено обоен зеленчук и сл.).
Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.