За успешно да дои мајката мора да ги познава принципите на праволното доење. Треба да знае како правилно да го постави бебето, како да му овозможи правилно да ја прифати пупката, колку често да го дои бебето и како да ги спечи компликациите кои може да доведат до прекин на доењето и губење на млекото.

Најпрво, во текот на подојот неопходно е бебето да биде поставено колку што е можно поблиску до мајката. Интимниот однос и блискоста која мајката ја чувствува кон своето бебе е многу значаен фактор за одржување на млекото.

Бебето со стомачето треба да биде свртено кон мајката. Таа треба да го придржува под главчето. Во првите месеци, кога бебето е сеуште мало, мајката треба да го придржува и за задникот. Користењето на специјална перница како потпора може да и помогне на мајката правилно да го постави и полесно да го придржува бебето во текот на доењето.

Во текот на доењето грбот и главчето на бебето треба да бидат поставени така што ќе формираат права линија. На тој начин се овозможува поволна положба на бебето, тоа полесно ја прифаќа пупката и правилно цица.

На почетокот на доењето мајката треба да го допре бебето со пупката по образот и долната усна. Така се активира рефлексот за барање на пупката, бебето се врти кон пупката и широко ја отвара устата. Со сите четири прсти од дланката се подигнува дојката, а палецот е поставен над пупката. Во моментот кога бебето ќе ја отвари устата, мајката треба да ја подигне дојката и да го приближи бебето кон пупката.

Кога бебето ќе ја отвори устата мајката треба да ја подигне дојката и да го приближи главчето на бебето кон дојката. Погрешно е мајката да се поместува и наведнува кон напред со цел таа да се постави подобро во однос на бебето.

Повеќето бебиња, доколку правилно цицаат, на крајот на цицањето сами се одделуваат од дојката. Оние помрзеливите често заспиваат на мајчините гради. Сепак, доколку мора да го прекинете цицањето или доколку бебето погрешно ја прифати пупката, треба нежно да го одделите од дојката. Тоа најдобро ќе го направите со прекинување на вакуумот со вметнување прст помеѓу усниот агол на бебето и дојката.

Кога бебето повеќе не цица, се препорачува тоа да се оддели од дојката. Долгото  држење на бебето на дојката може да доведе до оштетување на пупката и компликации во текот на доењето.

Правилното доење бара вештина која се стекнува во текот на самото доење. Доколку цицањето предизвикува болка и непријатно чувство и доколку бебето неправилно ја прифаќа пупката неопходно е да се обидете повторно да го наместите бебето. По неколку обиди може да се исправат неправилностите и доењето да продолжи без проблеми.