Светскиот ден на предвремено породување се одбележува на 17-ти Ноември секоја година, за да се подигне свеста за предвремено породување и да се подобри грижата за недоносените бебиња и нивните семејства ширум светот. Околу 15 милиони бебиња се раѓаат предвреме секоја година, или едно на секои 10 новородени. Она што ја одбележа оваа година е слоганот на одбележувањето, со кој целата кампања се приближува кон семејствата и ја промовира „негата насочена кон семејството“ (Family-centered Care).

Оваа година слоганот гласи „Да соработуваме: Партнерство со семејствата при грижата за малите и болни новороденчиња“.

Ви ги претставуваме активностите на организацијата Лулка пред и за време на Светскиот ден на предвременото породување 17-ти Ноември 2018 година. Дел од активностите беа реализирани во соработка и со поддршка од ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство од Скопје, за што искажуваме јавна благодарност.Извештај за активностите на организацијата Лулка за Светскиот ден на предвременото породување.

Погледнете го нашиот извештај за активностите.

 

2018 11 13 WPD image macedonian social media EFCNI