Денес, глобалната научна заедница ја признава виталната улога на доењето за преживувањето на новородените, растот и развојот на 136.7 милиони бебиња кое се раѓаат секоја година ширум светот.
Можеме да прославиме едно дефинитивно подобрување, но сепак во светски рамки помалку од 40% од бебињата имаат бенефит од екслузивното доење до 6 месеци.
Како и да е, иако севкупните глобални стапки на ексклузивно доење скромно пораснаа од 1990 година, во некои земји беа забележани значителни порасти. Ова е постигнато со комбинација на активности водени од Глобалната Стратегија. Овие активности вклучуваа национална легислатива на Кодот и мајчина заштита за жените работнички; осигурување дека доењето е иницирано во болничките установи; градење на здравствени капацитети кои нудат советување за мајките во врска со исхраната на новоордените, групи за поддршка на мајките во заедницата и добро испланирани стратегии за комуникација за промовирање на доењето.
WABA вели: „Од горенаведеното, знаеме дека подобрувањата во исхраната на новородените се можни и знаеме како истите може да се постигнат. Сакаме да бидеме сигурни дека ефективни активности ќе бидат спроведени насекаде. Исто така, има ниска стапка на иницијација на доењето во првиот час од раѓањето (само 43% од бебињата глобално), како и на навремена соодветна дохрана (само 60%). Доењето после 6-месечна возраст е застапено со само 75% до една година, а 56% до две години. Погледнете ја табелата 2. Сакаме подобрување во секој од овие сегменти.“
Преземено од Worldbreastfeedingweek.org.