Медицнските експерти се надеваат дека повлекувањето на студијата од 1998 која ги уплаши родителите и ја зачна контроверзноста конечно ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат удобно во врска со вакцинациите. Од Kate Rope

На лулашки и на игралиштата, тешко е да се разговара за детските вакцинации, а да не се спомене зборот аутизам. Всушност, една скорашна студија во весникот Pediatrics покажа дека еден од четири родители е загрижен дека вакцините може да предизвикаат аутизам. Не е чудо што интернетот и телевизија се преплавени со лични приказни кои го покренуваат прашањето за врската помеѓу вакцините и аутизмот. Но, студијата која го започна стравот вакцина/аутизам неодамна беше повлечена од престижниот весник кој ја објави пред 12 години, а на главниот истражувач му беше одземена лиценцата за работа. Со оглед на тоа како се одвиваат настаните, некои експерти се надеваат дека конечно ѝ дојде крај на дебатата.

Позадина

Во1998 год. еден британски гастроентеролог, Д-р Andrew Wakefield и неговите колеги објавија статија во медицинскиот весник The Lancet сугерирајќи дека вакцините за сипаници, заушки и рубеола (ММР или MRP) може да предизвикаат симптоми кои асоцираат на аутизам. „Wakefield проучувал случаи кај 8 деца кои примиле ММР и потоа развиле симптоми на аутизам“, вели Д-р Paul Offit, шеф на одделот за инфективни болести во Детската болница на Филаделфија. „Тој исто така верувал дека децата имале абнормален цревен тракт и посочил на евентуален синдром – поврзувајќи го цревното воспаление од примање на ММР со развојот на аутизам.

„Иако Wakefield во весникот признал дека не може да каже дали ММР предизвикува аутизам“, вели д-р Offit, „тоа сепак ја отвори вратата за мислењето дека вакцина може да предизвика аутизам“. Стануваше збор за болницата Royal Free Hospital, одлична болница во Лондон, и беше објавено во најстариот медициснки весник, па веќе не можеше да се сопре. Во Англија, илијадници родители одбија да ги вакцинираат нивните деца, што резултираше со стотици хоспитализации и три смртни случаи од сипаници во Ирска.

Што покажува истражувањето 

Уште од тоа време, 18 надгледувани епидемиолошки студии ја истражувале можната конекција меѓу аутизмот и вакцините и „сите се сведувале на едно исто,“ вели Alyson Singer, основач и родител на Autism Science Foundation, и мајка на 13-годишно момче со аутизам. „Не постои поврзаност меѓу вакцините и аутизмот.“

Тие студии заземале две главни теории: Претпоставката на Wakefield дека ММР вакцината е поврзана со аутизам, и друга дека тимеросал, конзерванс кој содржи жива, најден во некои вакцини, бил виновникот. Во извештајот од 2004 год. со анализата на истражувањето на можната поврзаност, Медицинскиот Институт (организација задолжена за советување на граѓаните во врска со здравствени теми) заклучи: „Поголемиот број епидемилошки докази отфрла поврзаност“ помеѓу ММР или тимеросал и аутизам. Истата година, 10 од 13 автори на студијата на Wakefiеld ја повлекоа истата.

Што е ново

Во февруари The Lancet, во еден историски момент, целосно ја повлече студијата на Wakefield откако независното владино разгледување дојде до заклучок дека тој делувал „неискрено и неодговорно“ во спроведувањето на неговото истражување.  Ова вклучувало спроведување на непотребни болни процедури врз децата и не го исклучува фактот дека бил платен како консултант на двајца адвокати - претставници на родителите кои верувале дека на нивните деца им било наштетено со ММР вакцините. Во мај 2010, на Wakefield му билa забранета медицинска пракса во родното Обединето Кралство.

Ова повлекување претставува смрт на хипотезата,“ вели Offit. „Родителите треба повторно да бидат сигурни дека изборот да не го вакцинираат своето дете никако нема да го намали ризикот од аутизам, туку само ќе го зголеми ризикот за болести.

Дилемата со која се соочуваат родителите

„Студијата на Wakefield нанесе голема штета кога беше објавена,“ вели Сингер. „Како резултат на тоа, јас ја пропуштив таа вакцина, но голем број луѓе отидоа подалеку од тоа и воопшто не се вакцинираа, а тоа е жалосно, бидејќи тоа што го знаеме за вакцините е дека спасуваат животи.“

Сепак, денес е многу поверојатно родителите да познаваат некое дете со аутизам отколку да знаат за некој кој страдал или починал од некоја од болестите кои тие вакцини ги спречуваат. Ним им изгледа многу побезбедно да одбегнат било што кое би можело да доведе до аутизам отколку да одберат да примат вакцина за болест која е поверојатно дека нема да се појави. И познатите личности, како Jenny McCarthy на пример, која верува дека аутизмот на најзиниот син бил предизвикан од вакцините, исто така и дава дополнителен кредибилитет на идејата дека постои поврзаност помеѓу двете.

„Причината што овие болести се толку ретки се вакцините,“ вели Gary L. Freed, директор на General Pediatrics на Универзитетот на Michigan School of Medicine. „Лекував едно дете кое умре од encephalitis поврзан со сипаница, бидејќи не било вакцинирано. Тоа беше страшна непотребна смрт која можеше да се спречи, а родителите никогаш не си простија што не го вакцинарале своето дете.“

„Изборот да не се прими вакцина или да се одложи вакцинацијата не е избор без ризик,“ се согласува Offit. Во новиот извештај од Центарот за контрола на болести и превенција (CDC) донесен е заклучок дека епидемијата на сипаници во Сан Диего во 2008 год. – најголемата во скоро една декада, започнала од едно невакцинирано дете кое патувало низ Европа – ги зафати луѓето кои намерно не биле вакцинирани против таа болест. „Не мора да живееш во светот во развој да за добиеш сипаници,“ вели Offit. „Врие под површината. Ако го симнеш штитот, овие болести се враќаат со план за одмазда.“

Добар избор

Amy Pisani, извршен директор на Every Child By Two, организација која се бори за промоција на детската имунизација, го разбира колебањето што го чувствувбаат некои родители кога ќе влезат во ординација кај педијатарот. „Бев бремена во времето кога излезе статијата на Wakefield и самата бев многу напната. Ги слушав овие презентации и се грижев, бидејќи навистина звучеше легитимно и беше збунувачко. Но имав голема среќа затоа што работев за Every Child By Two и имав пристап до сите експерти на CDC и Американската Педијатриска Академија (AAP) за да ми помогнат да го направам вистинскиот избор.“ 

Организацијата на Pisani, првично основана за да ги обучи медицинските сестри да им помогнат на родителите со ниски примања во врска со програмата на владата за беслпатна вакцинација, сега троши 70% од времето на родителската грижа за безбедноста и важноста на навремената вакцинација. Организацијата изработи веб страна (vaccinateyourbaby.org) посветена на тоа да им ги приложи истражувањата на родителите за да можат и тие, како и Pisani, да ги добијат достапните медицински информации  пред да донесат одлука. „Обрска на родителите е да бидат загрижени за своето дете,“ вели Freed, „и ние како општество сме одговорни да се осигураме дека информациите кои им се достапни на родителите се вистинити факти.“

Nora Fitzpatrick, мајка на две деца од Gaithersburg, Мaryland, на чија помала ќерка и бил дијагностициран аутизам на две-годишна возраст, вели дека повлекувањето на студијата на Wakefield ѝ помогнало подобро да одговори на прашањата на нејзините пријатели во врска со тоа дали да се вакцинираат. „Чувствувам одговорност да бидам информирана бидејќи многу чесно нè прашуваат,“ вели Fitzpatrick. „Кога се случи повлекувањето, бев премногу возбудена. Сега објаснувам дека сè започна со студијата на Wakefield и сè заврши со нејзиното повлекување. Големо олеснување е што сега веќе рабоатата е дефинитивна.“

Singer се согласува. „Во право бевме што ги направивме тие студии, во право бевме што ја разгледавме врската. Сега кога тие студии се спроведени, податоците се многу јасни. Гледавме, но одговор за поврзаноста не беше најден. „Сепак, Singer и Offit се согласуваат дека сè додека постои можен одговор, луѓето ќе поставуваат прашања во врска со вакцините. „Никогаш нема комплетно да се откачиме од оваа хипотеза, барем не додека не дознаеме ОД ШТО е предизвикан аутизмот“ вели Singer, „затоа е многу важно да се спроведат уште истражувања. Останете со нас.

 

Текстот е преземен од порталот Parenting.com

(http://www.parenting.com/article/the-end-of-the-autismvaccine-debate?page=0,0 )

 

Превод: Стефанија Димова

 

 

 


 

 

 Pregnatol DHA MKD Lulka no2

 

 

  

ikonka

newsletter archive icon 2


Активностите на организацијата Лулка и на Платформата за поддршка на родители на предвреме родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

 

Умбрела

 logo konceptmama