Банер


Психофизичка подготовка за породување - Курс кој е наменет за бремените жени и нивните партнери по 28 недела од бременоста



Ве покануваме да не посетите ! 

Здружението Лулка за брачните двојки во текот на бременоста нуди една нова и интересна активност, комбинација од едукација за породувањето, физички вежби и практични совети за нега на детето, кои се наменети за последното тромесечие од бременоста.
Овие активности допринесуваат за намалување на физичките и психичките тегоби кои ги носи последното тромесечие од бременоста, Ви обезбедуваат поголема смиреност и сигурност во родилната сала и полесно породување. Курсот опфаќа практични вежби и совети кои ќе Ви помогнат полесно да започнете со доењето, ќе Ве обучат како да ја спроведувате основната нега на детето во првите месеци по породувањето и многу други интересни нешта.


Пријавете се на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на 02/6145-200 и 078/313-326.




Бесплатната едукација за бременост - Проект од кој произлегоа многу самоуверени, силни и храбри бремени жени и свесни родители

Ве покануваме да ги посетите бесплатните едукации за бременост кои ги организира Здружението за грижа и едукација на бремените жени, мајките и децата Лулка.

Веќе традиционално, едукацијата се одржува секој месец во Клуб на новинари. 


Едукациите се отворени и бесплатни, а наменети се за бремените жени и нивните партнери, за брачните двојки кои планираат бременост и сакаат да научат нешто повеќе за бременоста, како и за сите граѓани кои се интересираат за овие теми.


Вашето доаѓање најавете го на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефонот 072/243-974.

Повеќе информации прочитајте ТУКА.



Фото-албуми од досега одржаните едукации




 


  


Од оваа сезона Лулка започнува со периодично објавување на текстови во форма на ЛУЛКА Колумна. Колумната ја подготвува Марија, мајка на едно прекрасно девојче, а она што ни го пренесува е лично искуство, со цел да Ви помогне и да ви олесни вам и на Вашите прекрасни бебиња и деца.

Преку овие текстови сакаме да ве заинтересираме, да ве информираме и да Ве запознаеме одблизу со некои работи со кои ќе се сретнете во текот на бременоста и родителството.



Следете не редовно и читајте ја нашата нова ЛУЛКА Колумна...


Претходно објавени...




Светска недела на доењето 2011

                                                        World Breastfeeding Week 2011


Од 01 до 07 Август во светски рамки се одбележува Светската недела на доењето 2011 (World breastfeeding week 2011). Светската недела на доењето се одбележува во повеќе од 170 земјиво светот, а оваа година активностите се одвиваа под слоганот "Зборувај со мене! Доењето - 3Д искуство". Овогодинешниот слоган ја означува потребата од комуникација како трета димензија при промоција на доењето помеѓу мажите и жените од сите возрасти, професии, нации и култури.

Здружението Лулка постојано се залага за заштита и унапредување на доењето. Оваа година за прв пат ја одбележавме Светската недела на доењетo 2011 во соработка со Би МЕК – компанијата застапник на производите за поддршка на доењето МЕДЕЛА.

Во тек на Светската недела на доењето на нашата веб-страна беа објавени повеќе текстови поврзани со доењето, совети, упатства и практики кои ќе Ви помогнат полесно да го започнете и одржувате доењето.
И како што вели слоганот на овогодинешното одбележување на Светската недела на доењето, комуникацијата има непроценливо значење за промоција на доењето. Затоа Ве покануваме слободно да коментирате, да ни пишувате и да ни поставувате прашања поврзани со доењето, а ние со задоволство ќе Ви одговориме.

За крај би сакале да нагласиме дека доењето најлесно се учи пред да дојде на свет Вашето бебе, во текот на бременоста и пред да забремените. Доењето не е важно само за сегашните или идните мајки. Тоа е подеднакво важно за татковците и за сите членови на семејството и заедницата.

Од уредникот

                          Светска недела на доењето 2011

                                                                   Кликнете ТУКА !





LULKA.org…Очекување, грижа, љубов, доверба


Најпрво да Ве поздравиме и да Ви посакаме добредојде во нашиот прекрасен свет на очекувања, грижа, љубов и доверба. Овие четири збора се основа на постоењето на ЛУЛКА и наш водич низ многубројните активности со кои ќе Ви помагаме, ќе Ве едуцираме, ќе Ве бодриме и охрабруваме во текот на бременоста, породувањето и одгледувањето на Вашето потомство.

Очекувањата на бремената жена која во себе носи нов живот, полна со надеж и љубов е инспирација за сите активности на ЛУЛКА. Грижата на мајката за своето малечко, од првиот миг кога ќе го види и ќе го почувствува неговиот допир е извор на силата да дејствуваме и да работиме уште понапорно. Љубовта на детето кон својата мајка, толку наивна и безусловна е наш постојан двигател, затоа што детската насмевка е најубавото нешто на овој свет. Довербата е единственото нешто кое го очекуваме од Вас, и ќе направиме се за да ја заслужиме и зачуваме.
На LULKA.org ќе најдете информации во врска со оплодувањето, бременоста и породувањето. Ќе прочитате за после-породилниот период, за растот и развојот на детето, како и за воспитувањето од најмали нозе. Ќе прочитате селектирани информации кои навистина ќе ви користат, едукативни текстови од искусни доктори кои секојдневно работат со оваа проблематика, совети од сестри акушерки кои ќе ви помогнат во деновите пред и по породувањето, како и практични совети од искусни мајки за многу работи кои Ве интересираат.
Подготвуваме и многу нови работи, забавни и едукативни, кои наскоро ќе може да ги сретнете на LULKA.org.


efcni

Активностите на Здружението Лулка и Клубот на родители на предвремено родени деца ПремНова се одвиваат со поддршка и во соработка со Европската фондација за грижа на новородени (European Foundation for Care of Newborn Infants). EFCNI е првата паневропска организација која ги застапува интересите на предвремено родените деца и нивните родители.

Каде ќе се породите ?

Remedika

Лулка Настани

loader