Најчестите прашања поврзани со доењето... Повеќето од жените можат да дојат, но за жал, дел од рутинската пракса во породилиштата и понатаму доведува до проблеми и прекин на доењето по заминување во домашни услови.
Сепарирањето на мајката и детето по породувањето, одложувањето на првиот подој, хранење на детето по одреден временски распоред и давањето на цуцли и шишиња со вештачко млеко можат да доведат до редуцирање на мајчиното млеко и да направат проблеми во воспоставување на доењето.
Важноста на мајчиното млеко за децата станува се поактуелна тема во здравствените институции и меѓу здравствените работници, а и самите мајки добиваат се повеќе информации за предностите на доењето, што севкупно доведува до промена на секојдневната пракса во смисла на поддршка на доењето во секој негов сегмент.
Текстот е објавен во рамките на Светската недела на доењето 2011