По раѓањето секое витално и доносено дете има доволно сила и интерес преку неговите вродени примитивни рефлекси да го започне процесот на цицање, доколку биде поставено на градата на мајката.
Доколку детето биде постојано со мајката, тоа ќе ја бара градата секогаш кога е гладно, и затоа е извонредно важно да се практикува во породилиштата сместување на мајките и децата заедно, 24 часа на ден.
На овој начин мајката може да ги задоволи потребите на детето секогаш кога тоа ќе посака, а тоа е индивидуално за секое дете. Правила во должината и честотата на подоите нема. Нив ги определува секое дете поединечно според сопствените потреби.
Практичен совет за мајките: Кога доите немојте да го гледате часовникот, гледајте го своето дете!
Прим. Д-р Марина Поп-Лазарова