Текстот е објавен во рамките на Светската недела на доењето 2012
Болницата – Пријателка на бебињата ги имплементира сите 10 Чекори до успешно доење, втората цел на Иносенти Декларацијата и го следи Кодот за неприфаќање на бесплатни или субвенционирани дотури на бебешка млечна формула, или какви било промотивни продукти од овој вид.
Целиот персонал во Болницата – Пријателка на бебињата е обучен за доење, а болницата е евалуирана за да бидеме сигурни дека ги следи „10-те чекори“. Сите мајки и бебиња во Болница – Пријателка на бебињата се згрижени пред, за време и по породувањето на начин кој го поддржува доењето и им дава најдобра можност за успешно доење на мајката и на нејзиното бебе.
10-тиот чекор од BFHI иницијативата вклучува и воспоставување на систем за поддршка на доењето во заедницата, за мајките кои дојат. Се покажа дека стапката на доење е повисока кај бебињата родени во болниците – Пријателки на бебињата отколку кај бебињата родени во другите болници. Повеќе од 20,000 болници ширум светот го постигнаа статусот Болница – Пријателка на бебињата.
Во Македонија 28 од 30 раѓалишта (90%) се акредитирани како Пријателки на бебињата во рамките на Иницијативата Болница – пријателка на бебињата. (http://www.unicef.org/tfyrmacedonia/media_12278.html)